Kitka Trail Run 2018

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

07:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Во организација на ПСК „Драчево – Филип Чакаров и „ТРЕКС, на планината Китка, во близина на нас. Драчево, за прв пат ќе се одржи планинска трка „Kitka Trail Run”, која ќе биде првата планинска трка на територијата на општина Кисела Вода.
Настанот ќе се состои од пократка трка – Shpela Run и подолга – Kitka Run.

ОПИС SHPELA RUN

Стартот е на локалитетот Три Круши. Се поаѓа по широк земјен пат кон селото Вртекица. Оваа делница е со должина од 6км при што се совладува висинска разлика од 250м. Тука се наоѓа првата контролна и освежителна точка (кај чешмите во селото).
Од селото по планинската патека према селото Рамни Габер се поаѓа кон пештерата Шпела. Кога ќе се стигне до патот за автомобили се врти десно кон пештерата, каде се наоѓа втората контролна точка. Во оваа делница се совладуваат уште 103м.
Од пештерата се продолжува до приклучокот на патеката за Kitka Trail по што започнува симнувањето надолу до селото Вртекица каде повторно се поминува контролната точка.
Од тука повторно по земјениот пат се враќа до Три Круши каде е и финишот.
Целата патека е со должина од 14км и се совладува виснинска разлика од 400м.

Старт на трката:09:30 часот
Должина на патеката: 14km
Вкупна висинска разлика: 400 m
Котизација: 250ден.

Содржина на стартен пакет: стартен број, маичка со логото на настанот, онлајн диплома, медали за првите тројца во женска и машка категорија, користење на освежителните станици и оброк на крајот од трката
gps запис: https://tracedetrail.com/en/trace/trace/68027

ОПИС KITKA RUN

Стартот е на локалитетот Три Круши. Се поаѓа по широк земјен пат кон селото Вртекица. Оваа делница е со должина од 6км при што се совладува висинска разлика од 250м. Тука се наоѓа првата контролна и освежителна точка (кај чешмите во селото).
Од селото по планинската патека према врвот Китка се почнува со искачување. По означената шумска патека се трча се до седлото помеѓу врвовите Китка и Красна. Потоа се продолжува по широкиот пат за возила до освежителната точка пред искачувањето кон врвот.

На врвот Китка има контролна точка која е највисоката точка на целата трка (1550 м.н.в.) , а потоа се продолжува по сртот на планината кон планинарскиот дом Китка кон кој се пристапува од јужна страна.
Во домот има уште една контролна точка. Од тука се продолжува кон седлото каде повторно се поминува истата освежителна точка како за искачувањето.
Следно се симнува по седлото се до точката каде е двоењето помеѓу двете патеки (за нагоре и надоле).

Оваа делница од патеката е во предел со густа шума и трае се до спојувањето со патеката за Shpela Trail. Во оваа делница се поминува т.н. Партизанска чешма каде може да се наполни вода. Кај пештерата има контролна точка. Од тука се продолжува до селото Вртекица каде повторно има контролна точка и од каде по широкиот земјен пат се продолжува до финишот на Три Круши.

Старт на трката:09:00 часот
Должина на патеката: 28km
Вкупна висинска разлика: 1350 m
Котизација: 500ден.

Содржина на стартен пакет: стартен број, Dry fit маичка со логото на настанот, онлајн диплома, финишерски медал за сите учесници, пехари за првите тројца во женска и машка категорија, користење на освежителните станици и оброк на крајот од трката
gps запис: https://tracedetrail.com/en/trace/trace/68026

РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ДВЕТЕ ТРКИ Е 07.10.2018 ГОДИНА
Линк за пријавување: https://goo.gl/forms/gCHuG0PiQzwd1VP73
Броеви за информации:
070 323150 – Јане
071 266047- Филип

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија