Кампинг Рудока 2658м

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

04:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Најдобрата кампинг акција на нашиот клуб е повторно на репортоарот.
Крајот на Шар Планина е најживописниот дел од целиот масив. На крајот масивот располага со многу езера, каменести кулоари, осрти врвови и предели каде има снег преку цела година.
Пределот што ќе го посетиме изобилува со прекрасни пејсажи, езера и погледи на Бориславец, цело Косово, Враците, кулата на Титов врв цела Бистра, Кораб итн.Се поминува од прекрасното езеро кое лежи на гранитни плочи и е протечно што го прави постудено а, не е загадено, езерото се полни од извор од кој се пие вода и, е измислено за капење во овие топли денови.Се чека добро време за да направиме кампинг.

ПРОГРАМА ден 1 и ден 2:
– Тргнување од железничка станица Скопје во 6:00 часот. Сабота 20 Јули.
– Пристигнување во селото Ѓурѓевиште.
– Искачување до Црно Езеро (2169 метри), поставување шатори, капење.
– Кој сака останува во кампот, другата група се упатува кон врвот Рудока (2658 метри)
– Одмор на врвот и враќање кон езерото
– Собирање на кампот и враќање кон превозот.
– Ѓубрето секој сам си го симнува до селото.

ОПИС НА ТУРАТА:
– од Ѓурѓевиште до Црно езеро има 1200 метри висинска разлика и 9 км во правец – што ја прави турата СРЕДНА.
(времетрање на искачувањето 3,5 часа)
– од Ѓурѓевиште до врвт Рудока има 12 км во правец и висинска разлика од 1771 метар, што ја прави турата ТЕШКА.
(времетрање на искачувањето 5,5 часа)
– од Црно езеро до врвот Рудока има 580 метри висинска разлика и искачување од 2 часа.
(кратко искачување но стрмно)
– Целиот пат е по шумска ливада, само мал дел е низ шума.

ПРИЈАВУВАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ:
– Цената по лице за превоз и организација изнесува 750 ден.
– Плаќање најдоцна до 19 јули, Петок, до 15:00 часот .

Пријавување кај:
Стефанн ✆ 077-617 617
Димитрија ✆ 077-525 616

*** Сквиз ме Среда и Петок 17-19 часот и четврток на #ПочниСоВодно.

*** Попатно собирање од автобуската станица кај хотел Карпош, автобуската кај Сити Мол и автобуската после кружниот тек, кај СП планет во Ѓорче Петров.

УПЛАТА НА Ж-Сметка
Примач : гуардианс оф нејчер – ај лав хајкинг груп маседониа
Банка : Стопанска банка – Скопје
С-ка бр: 200003122673462
***Уплата можете да извршите САМО со предходна консултација на телефоните горе.

ПОТРЕБНА ОБЛЕКА И ОПРЕМА:
– Разгазени планинарски чевли
– Планинарски стапчиња
– КАПА за сонце, очила за сонце, крема со заштитен фактор.
– Мал чадор за сонце. (чадор за дожд)
– Шатор, подметач, вреќа за спиење.
– Купаќи, пешкир

ИСХРАНА :
– Секој сам си носи храна во ранец (суво овошје, сендвичи, жен-шен, електролити и сл.)
– вода 2л.

НАПОМЕНА :
– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици.
– Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку тој не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
– Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија