Наслов

Кампинг Рудока 2658м
Локација: 
Шар Планина
Држава: 
Македонија
Датум: 
Сабота, 21 Јули, 2018 - 06:00

Контакт

Име и презиме: 
I love hiking - group Macedonia

Крајот на Шар Планина е најживописниот дел од целиот масив. На крајот масивот располага со многу езера, каменести кулоари, осрти врвови и предели каде има снег преку цела година.
Пределот што ќе го посетиме изобилува со прекрасни пејсажи, езера и погледи на Бориславец, цело Косово, Враците, кулата на Титов врв цела Бистра, Кораб итн.Се поминува од прекрасното езеро кое лежи на гранитни плочи и е протечно што го прави постудено а, не е загадено, езерото се полни од извор од кој се пие вода и, е измислено за капење во овие топли денови.Се чекаше добро време за да направиме кампинг.

ПРОГРАМА ден 1 и ден 2:
- Тргнување од железничка станица Скопје во 6:00 часот.
- Пристигнување во селото Ѓурѓевиште.
- Искачување до Црно Езеро (2169 метри), поставување шатори, капење.
- Кој сака останува во кампот, другата група се упатува кон врвот Рудока (2658 метри)
- Одмор на врвот и враќање кон езерото
- Собирање на кампот и враќање кон превозот.
- Ѓубрето секој сам си го симнува до селото.
- Ќе имаме и мала еколошка акција каде ќе собереме смет околу езерото.

ОПИС НА ТУРАТА:
- од Ѓурѓевиште до Црно езеро има 1200 метри висинска разлика и 9 км во правец - што ја прави турата СРЕДНА.
(времетрање на искачувањето 3,5 часа)
- од Ѓурѓевиште до врвт Рудока има 12 км во правец и висинска разлика од 1771 метар, што ја прави турата ТЕШКА.
(времетрање на искачувањето 5,5 часа)
- од Црно езеро до врвот Рудока има 580 метри висинска разлика и искачување од 2 часа.

ПРИЈАВУВАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ:
- Цената по лице за превоз и организација изнесува 650 ден.
- Плаќање најдоцна до 20 јули, Петок, до 19:00 часот .
- За да се оствари кампингот потребни се мин 15 луѓе.

Пријавување кај:
Стефанн ✆ 077-617 617
Дејан ✆ 071-212 808

*** Попатно собирање од автобуската станица кај хотел Карпош, автобуската кај Сити Мол и автобуската после кружниот тек, кај СП планет во Ѓорче Петров.

УПЛАТА НА Ж-Сметка
Примач : гуардианс оф нејчер – ај лав хајкинг груп маседониа
Банка : Стопанска банка – Скопје
С-ка бр: 200003122673462
***Уплата можете да извршите САМО со предходна консултација на телефоните горе.

ПОТРЕБНА ОБЛЕКА И ОПРЕМА:
- Разгазени планинарски чевли
- Планинарски стапчиња
- Капа за сонце, очила за сонце, крема со заштитен фактор.
- Мал чадор за сонце. (чадор за дожд)
- Шатор, подметач, вреќа за спиење.

ИСХРАНА :
- Секој сам си носи храна во ранец (суво овошје, сендвичи, жен-шен, електролити и сл.)
- вода 2л.

НАПОМЕНА :
- Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици.
- Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
- Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку тој не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
- Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки

За овој настан сеуште нема пријавено гости.

Мапа

П В С Ч П С Н
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
 
 
8
 
9
 
10
 
 
 
 
 
15
 
16
 
17
 
 
 
 
 
22
 
23
 
24
 
25
 
 
 
 
29
 
30
 
31
 
 
 
 
 

На Facebook