Камп за обука на млади планинари

Датум на почеток:

07.03.2015

Време на почеток:

03:30

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

ПСЗ „КОЗЈАК” – ПРИЛЕП во соработка со ФПСМ организира 3 дневен камп за обука на млади планинари од Прилеп.
Право на учество имаат деца од 7 до 19 години. Обуката опфаќа теоретски и практичен дел. Дел од теоријата ќе учи преку игри.

Предавањата ќе ги вршат врвни и искусни планинари. Ќе се учи палење на оган, врзување на јазли, подготовка за на планина, потребна облека и обувки во зависност од временските услови, ќе се изучува ориентација, ќе се изучуваат и флората и фауната што се застапени во Македонија. Исто така кампот опфаќа и игри за полесно учење на материјалот и игри за забава. Кампот е организиран со цел да ја вградиме љубовта кон планината и природата кај помладите, да ја научат планината нејзините убавини и опасности.

После овој камп секое дете кое сака да планинари ќе знае како најдобро да се подготви, ќе научи која храна е најдобра да се консумира за време на планинарска акција. Исто така кампот има еколошка цел. Ќе ја поттикнеме и свеста кај помладите за зачувување на природата и нејзините убавини кои во Македонија се со непроценлива вредност.
Камот ќе биде во планинарскиот дом во с. Стровија.
Децата ќе спијат во шатори, во дворот на домот. Шаторите ќе ги поставуваат самите преку игра.
Организаторот обезбедува храна за секое дете. Во петок на 03.07.2015 започнуваме со ручек и во недела на 05.07.2015 кампот завршува со ручек.
Организаторот ќе обезбеди шатори за секого.

НАПОМЕНА :
1. Секое дете што сака да учествува потребно е да достави потврда од матичен лекар за здравствена состојба.
2. УЧЕСТВОТО НА ОВАА ОБУКА Е 350 ДЕНАРИ.
3. Секој родител треба да потпиши согласност.
4.ОРГАНИЗАТОРОТ ОБЕЗБЕДУВА ХРАНА ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ.
5.ОРГАНИЗАТОРОТ ОБЕЗБЕДУВА ШАТОРИ ЗА СПИЕЊЕ.
6. Секој кој поседува вреќа за спиење е пожелно да носи заради лична хигиена.
7.Средтсвата за учество се уплаќаат на жиро – сметката на ПСЗ „Козјак” – Прилеп :
300020000167457 – Комерцијална Банка.
8. Рок на пријавување до среда 01.07.2015
9. Состанок со родителите и со пријавените учесници во четврток на 02.07.2015 во просториите на клубот во старата зграда на Водовод , позади старата општина, во 18 часот.
10. Без доставена копија од уплатница и потврда од матичен лекар, детето нема да смее да учествува.

Повеќе информации и пријавување на тел број : 075/609-821 – Бојан.

Автор

megalogomed

Скопје

Македонија