Јелачки Црн Врв #ИзлезиИДиши

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

05:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Поради тоа што последниве викенди имаме екстремно загаден воздух, нашето друштво започнува здрава иницијатива #ИзлезиИДиши Иницијативата опфаќа мали кратки тури на нашите планини каде има воздух за сите.

Тргнуваме рано за да уживаме подолго горе на планина, а потоа да можеме и денски да тргнеме кон Скопје.

Оваа недела ве носиме на Јелачки Црн Врв – отворена тура за сите љубители на природата, од почетници планинари до хедонисти, само не е за алпинисти

Инцијативата ги опфаќа следните тури:
– Бесна Кобила 10 Февруари
– Царев врв 17 февруари
– Лисец 10 Март
– Трескавец 7 Април

ТЕХНИЧКИ ОПИС НА ТУРАТА:
– Тежина на турата: ЛЕСНА (тежината е во газење на снегот)
– Почетна точка на движење е викенд-населбата Попова Шапка која се наоѓа на 1700 мнв. Големиот паркинг .
– Најголем дел од патеката, се до пред самиот врв, се оди по колски пат. Се поминува низ преубави предели засадени со ели.
*** Одењето е погодно за почетници планинари кои сакаат да почувствуваат малку снег. ***
– Се пешачи 2,5 часа во еден правец.
– Искачувањето завршува на Јелачки Црн Врв на 1873 метри.
*** Доколку не сте расположени за пешачење тој ден, постои можност да останете во Конак или во Сноу Патрол да испиете некое кафе, како и да свртите мало крукче по локалните ски-терени.
*** Moже и скии да си понесете
– Крајот на уживањето го заокружуваме во ВОЕНИОТ објект, на чај, пиво, ракија, салата, муабет и, најважно од се, дружење.

ОПАСНОСТИ.
– Брзо надоаѓање на облаци и слаба видливост. (одење во група)

ВОДИЧИ НА АКЦИЈАТА:
Дејан Доневски
контакт тел 071- 212 808
меил: [email protected]
ДРУГИ ВОДИЧИ: Војниче, Владо, Димитрија, Киц, Васе, Стефан.

ПРИЈАВУВАЊЕ, ПРЕВОЗ И ЦЕНА:
– превозот може самите да си го организирате (сопствени возила) или да ни се приклучите (комбе/минибус/бус). И во двата случаи е ПОТРЕБНО да се пријавите заради подобра организација и координација.

ЦЕНА: за превоз на турата 400 денари
Пријавување и информации најдоцна до сабота до 14:00 часот кај:
Димитрија ✆ 077 -525 616
Дејан ✆ 071-212 808

Пријавување и плаќање најдоцна до сабота 26 Јанури – 14:00 часот.
Плаќањето можете да го извршите на ж-сметка но со предходна консултација или во СквизМЕ (Четврток-Петок 17-19 и Сабота 12-14 часот)
Примач : гуардианс оф нејчер – ај лав хајкинг груп маседониа
Банка : Стопанска банка – Скопје
С-ка бр: 200003122673462

ПОАЃАЊЕ:
– во 06:00 часот од паркингот пред Пошта 2 – Железничка станица
– попатно застанување на автобуската каj хотел Карпош, CityMall, автобуската кај кружниот во Ѓорче Петров и кај општината во Ѓорче Петров.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА:
– разгазени планинарски чевли;
– планинарски стапчиња;
– капа, ракавици, топла јакна;
– облекување во слоеви;
– очила за сонце, очила за скијање.

ХРАНА:
– секој сам си носи исхрана од ранец (суво овошје, сендвичи, енергетски барови и сл.)
– вода 1,5 л.
– жен-шен, електролити.

*** НАПОМЕНА ***
– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици.
– Наведените планинарски акции се организирани и движењето ќе се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
– Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување или поради непоседување соодветна опрема наведена во описот на настанот.
– Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции во зависност од временските услови и други технички препреки.

П.С. Доколку има нови или дополнителни информации, тие ќе бидат истакнати на ивентов.

Автор

Aleksandar Kirkovski

Скопје

Македонија