Наслов

III меморијален планинарски марш „Сашо Костадиноски“
Држава: 
Македонија
Датум: 
Недела, 21 Јули, 2019 - 06:30

Контакт

Име и презиме: 
Планинарско еколошко друштво „Ендорфин”

На 21 јули 2019 г. (недела), Планинарското друштво „Ендорфин" од Кичево во сеќавање на својот прерано изгубен член, планинар и другар, Сашо Костадиноски, го организира Третиот меморијален планинарски марш на планината Голјак.

Голјак е средновисока планина која се наоѓа во Кичевскиот Регион и ги раздвојува селата на Копачијата и селата на Бржданска (Беличка) Река, дел од масивот на Илинска и Плакенска Планина. Веливрв e највисокиот врв на оваа планина, којшто со своите 1535 метри надморска височина пружа одличен поглед на Кичевската Котлина и масивот Челоица-Песјак на исток, Баба Сач, Бушева Планина и Лубен на југоисток, Илинска на југ, Стогово на запад, Бистра на север.

Акцијата започнува од с. Брждани (Горното село), движењето се одвива по маркирана планинарска (козја) патека, која над 80% поминува низ дабова и букова шума. Последните 500 метри до врвот, движењето е по пасиштен терен.

Должина на патеката: 6,5 км (враќањето се одвива по истата патека, вкупна должината на патеката во двата правца изнесува 13 км)
Висинска разлика: 680 метри.

ВАЖНО
- Потребна опрема: планинарски обувки со тврд ѓон, облека според најавата за временска прогноза, очила за сонце, капа/шешир, кабаница, крема за заштита од сонце, планинарски стапчиња.
- Доручекот е од ранец, вода 2 л. (минимум).
- Пожелно е секој учесник да носи прибор за заедничкиот ручек (планинарско гравче).
*На патеката на едно место има извор на вода, меѓутоа во летниот период можно е да биде пресушен.

ПРОГРАМА
06:30 ч. - собирање на учесниците во Горно Брждани (пред селската црква, 850 м.н.в.)
07:00 ч. - старт на акцијата
09:00 ч. - пристигнување на групата кај шумската куќарка на Преслоп (1270 м.н.в.), пауза 20 мин.
09:30 ч. - поаѓање кон врвот (со попатни одмори)
11:00 ч. - пристигнување на Веливрв (1535 м.н.в.)
12:00 ч. - поаѓање за назад
15:00 ч. - пристигнување во Горно Брждани и заеднички ручек (планинарско гравче)

Задолжителна пријава за учество со број на членови.
Планинарско друштво/клуб: ______________________________________________

Име и презиме / бр. на л. карта /
1.
2.
3.

Датум М.П. Планинарско друштво

Доставување на пријавите на е-пошта: endorfin.kicevo@gmail.com или во порака на фејсбук-страницата на Планинарско еколошко друштво „Ендорфин".

*Заради организациски потреби пријавувањето за Маршот е најдоцна до четврток (18 јули 2019)!

*Акцијата се организира во соработка со Месната заедница на с. Брждани.

Водичи / координатори на акцијата: Давор Јанкулоски (075 668 501), Зоран Маџоски (077 495 232), Елена Ванчоска Секулоска, Мирослав Секулоски + локални водичи од с. Брждани

НАПОМЕНА
- Секој учесник мора да има соодветна психофизичка подготвеност за искачувањето и учествува на сопствена одговорност.
- Секој учесник е должен да ги почитува препораките и насоките на водичите.
- Учесниците да ги слушаат упатствата на водичите и да ја чуваат животната средина;
- Организаторот и водичите имаат право да исклучат учесник пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
- Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

Со почит,
ПЕД „ЕНДОРФИН" Кичево

За овој настан сеуште нема пријавено гости.

Мапа

На Facebook