Езерски врв 2591м

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

05:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Еднодневна отворена акција на Шар Планина.
Во акцијата е предвидено да има две групи.
За првата група е предвидена акција која е категоризирана како СРЕДНО напорна со движење во времетраење од вкупно 7 часа, додека турата за втората група спаѓа во категоријата на СУПЕР ТЕШКИ тури и е со времетраење од околу 10 часа.

ПРВА ГРУПА
1. Искачување до Доброшки Езера 2300м
– Појдовна точка е с. Јелошник 890 мнв
– Доброшки Врв 2352 мнв
– Доброшки Езера 2300 мнв
– Должина на патеката е 8.6 км во правец.
– Времетраење на акцијата е 7 часа.
– Вкупно искачување 1600 метри.
– Тежина на турата: Средно напорна тура.
* Напорна значи дека има угорнини за искачување

ВТОРА ГРУПА
2. Искачување до Езерски Врв 2591мнв.
– Појдовна точка е с. Јелошник 890 мнв.
– Доброшки врв 2352 мнв
– Доброшки езера 2300 мнв
– Езерски Врв 2591 мнв
– Должина на целата патека е 20 км.
– Времетраење на акцијата е 10 часа.
– Вкупно искачување 2200 метри.
– Тежина на турата: Супер тешка тура
* Супер тешка значи дека има голема висинска разлика

*** Оваа акција е добар тренинг за летните алпски авантури ***

*** Да си понесете резервни чевли (патики) и чорапи кои ќе ви стојат во комбе.***

*** После турата е предвидено да одиме сите заедно на јадење во Лешок

ОПИС НА ПАТЕКАТА:
Движењето од с. Јелошник, преку месноста Решетка, па сѐ до пред Старо Бачило се одвива по колски пат. Оттука се продолжува по стрмнина, која е поголема од Кобилица, и се стигнува до Доброшки Врв 2353мнв. Потоа се продолжува по сртот кој е наречен Чаушички срт, на кој има 3 врвчиња кои треба да се искачат и симнат во двата правци.
Пределот е идиличен. Кога ќе се искачи Доброшки врв се отвора поглед од Пирибег кон Црн Врв и Кучибаба, додека од Езерски Врв се гледа цело Косово, Јажиначко Езеро и Чаушица.

ПРИЈАВУВАЊЕ И ЦЕНА
Превозот е со комбе
ЦЕНАТА е 450 денари.

Во цената е вклучен превоз , грижа на планината, тим на професионални водичи со искуство
ИНФОРМАЦИИ:
Димитрија ✆ 077 -525 616
Дејан ✆ 071-212 808

ВОДИЧ НА АКЦИЈАТА: Димитрија Ристевски
контакт тел 077 -525 616
меил: [email protected]

УПЛАТА НА Ж-Сметка
Примач : гуардианс оф нејчер – ај лав хајкинг груп маседониа
Банка : Стопанска банка – Скопје
С-ка бр: 200003122673462

***Уплата можете да извршите САМО со предходна консултација на телефоните горе.***
*** СКВИЗ МЕ – од ВТОРНИК до ПЕТОК од 17-19 часот и САБОТА од 12-14 часот.
*** Доаѓање со сопствени возила со нас на турата не е дозволено поради тоа што нема паркинг низ селото и поради тоа што настанува гужва од возила во селото ***

ПОАЃАЊЕ:
– Во 06:00 часот од паркингот пред Пошта 2, Железничка станица.
– Попатно застанување на автобуската каj хотел Карпош, CityMall, автобуската кај кружниот во Ѓорче Петров и кај општината во Ѓорче Петров.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА И УСЛОВИ:
– психофизичка подготвеност за пешачење во есенски услови;
– високи разгазени чевли и гамашни;
– топла облека која штити од дожд и ветер;
– ракавици и капа;
– планинарски стапчиња;
– облекување во слоеви;
– резервни чевли и чорапи кои ги оставате во комбе.

ИСХРАНА:
– секој сам си носи исхрана од ранец;
– вода 2 л.;
– суво овошје, сендвичи и сл.

НАПОМЕНА:
– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
– Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
– Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
– Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија