Езерски поход на Шар Планина: Караниколичко & Скакаличко Езеро

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

04:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

На крајот на месец јули одиме на поход на прекрасните природни леднички езера на Шар Планина: Караниколичко и Скакаличко Езеро.

1. Мала тура: КАРАНИКОЛИЧКО ЕЗЕРО
Должина: 12 км (6 км во правец)
Времетраење: 5 часа (3 часа искачување + 2 часа симнување)
Опис на патеката: Се движиме по добро обележана и разгазена планинарска патека која започнува од селото Вешала на 1200 метри надморска височина и се искачува по долот на Караниколичка Река и достигнува до превојот Караникола од каде навлегува во вдлабнатината (циркот) до самото Караниколичко Езеро на 2200 метри надморска височина. Распостилање и уживање крај големото Караниколичко Езеро со можност за прошетка и искачување до Малото Караниколичко Езеро, природниот карпест „мост” над Караниколичка Река и околните врвови Шереметица (2310 м.н.в.) или Скарпа (2469 м.н.в.)
Тежина: средна

2. Голема тура: СКАКАЛИЧКО ЕЗЕРО
Должина: 21 км (10,5 км во правец)
Времетраење: 9 часа (5 часа искачување + 4 часа симнување)
Опис на патеката: Се движиме по добро обележана и разгазена планинарска патека која започнува од селото Вешала на 1200 метри надморска височина и се искачува по долот на Караниколичка Река и достигнува до превојот Караникола од каде навлегува во вдлабнатината (циркот) до самото Караниколичко Езеро на 2200 метри надморска височина. Продолжуваме искачувајќи го седлото над Караниколичкото Езеро помеѓу врвовите Шереметица (2310 м.) и Гури Шереметица (2428 м.) од каде по карпест терен и тесна патека на изохипса го заобиколуваме врвот Бриња Шахит (2480 м.) и се спуштаме до планинскиот превој и седло високо 2252 м. од каде навлегуваме во изворишниот дел на Скакаличка Река и достгинуваме до брегот на Скакаличко Езеро. Кратко распостилање и уживање крај Скакаличко Езеро и можност за (брзинско) искачување на околните врвови Скакала (2419 м.н.в.) и Маја (2493 м.н.в.)
Тежина: средно – тешка

Поаѓање од Скопје од паркингот пред пошта 2 / железничка станица / транспортен центар во 06:00 h.
Цена: 450 денари
Пријавување најдоцна до петок 27.07.2018 на Марио Шаревски – 071 216 066.

УПАТСТВА:
– Патеките искачуваат висинска разлика од над 1000 метри за што е потребна подобра физичка и психичка подготвеност и не се за почетници
– Временските услови најавуваат сонечево време со умерена облачност и температура до 20 С (https://www.yr.no/place/Macedonia/Other/Vesala/long.html) за што се препорачува носење на капа, очила и крема за сонце, а поради нестабилното дождливо време во претстојните денови и јакна за дожд и ветровка во ранецот.
– Препорачливо носење на 2 литри вода: извори (и чешма) во Вешала, веднаш под Караниколичко Езеро и веднаш над Скакаличко Езеро.
– Препорачливо носење на планинарски стапчиња за стрмни и каменести предели.
– Храна од ранец (суво овошје, јаткасти плодови, леб – сендвич)
– Мобилните телефони да бидат со полна батерија до 95%

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија