Даутица со воз

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

04:30

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Една малку поинаква акција во однос на вообичаените тури на нашиот клуб. Патуваме со воз.
Оваа акција се одликува со тоа што патот по кој ќе одиме над селото Ореше – во 1,2 км е доста стрмен.
Целата тура е 19 км + 2 км пат од Стровија до Гостиражни.
Висинската разлика е 1600+ метри.
Временсите услови – сурово топли.

ОПИС НА ТУРАТА:
-Недела 6:42 минути на Железничка станица-Скопје тргнува возот за с.Богомила …. повратен билет 300+ денари (набрзо точна цена) …
-Од с.Богомила идеме со такси до с.Ореше. (100 ден од човек)
-Стартот е од с.Ореше по билото Ибраимица каде и се искачуваме, ги поминуваме местата – Крст и Лисичарник и притоа доаѓаме до врвот Старец 1841 метри . Овој дел од патот е доста стрмен,
-По сртот (нема веќе шума) ќе поминеме над месноста Мочур, од тука одиме покрај врвот Бел Камен првенец на Даутица со висина од 2074 метри. Но не го искачуваме!!!
-Потоа одиме кон с.Стровија каде по пат ни доаѓа врвот Рендова Ливада 2057 метри… во изохипса и лесно спуштање идеме до с.Стровија… …. после одмор одиме пеш до с.Гостиражни каде се качуваме на возот за Скопје кој го има во 19;50 и во 22:01 часот…..
– Од с.Ореше (СТАРТОТ) до Рендова ливада имаме 10км и 1400м искачување со наклон 32% макс. Качуваме вкупно 6 часа со сите одмори за јадење.
– Спуштањето е 3 – 3:30 часа. (КРАЈОТ)
– ВКУПНО 9 часа – 10 часа одење.
– ВОДА има во шумата над селото Ореше горе по сртот нема вода,
– Секој кој ќе застане да јаде јагоди, малини и капини и не го стигне возот е на своја одговорност.

TEЖИНА: Тешка тура

ОПРЕМА : Планинарски чевли, планинарски стапчиња, капа за сонце, очила за сонце, крема со УВ фактор, челна ламба…..

СОВЕТ:
Следете ги упатствата на водичот за да го стигнете возот во с.Гострижани.

ХРАНА : од ранец , вода минимум 3 литра и 0,5 литри растворени електролити

ПРИЈАВУВАЊЕ:
Обавезно е пријавувањето за турава.
Стефан 070 261 206
Димитрија 077 525 616

НАПОМЕНА :
Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите. Во спротивно сам е одговорен за несаканите последици. Наведените планинарски акции се организирани и движењето ќе се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.

Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки.
.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија