Да поШАРаме до Пожаране

Датум на почеток:

10.04.2015

Време на почеток:

04:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Планинарско – Велосипедски Хепенинг
„Да поШАРаме до Пожаране” .
-04 Октомври 2015 год-

ДПС Трансверзалец од Скопје во соработка со ПСК Бистра од Гостивар и со с.Пожаране ве води на Шар планина – да ги откриеме убавините на прекрасните и недопрени убавини во околината на с. Пожаране.

Ви нудиме избор на планинарска или велосипедска рута според вашите можности и желби:

Рута 1 Планинарење. Искачување на врвовите Голема Враца (2582мнв) и Мала Враца(2.452мнв). Планинарска патека започува од водостанот Маздрача (1.320м). Искачувањето стартува во 8.30ч, искачувањето е 5 додека слегувањето е 4 ч.
До водостанот Маздрача (1.320м) се пристигнува преку с. Пожаране по 10 км макадам пат. Од Гостивар се врти пред с. Топлица додека од Тетовосе стигнува преку с. Неготино.

Рута 2 Планинарење. Планинарска патека во околината на с. Пожаране (900мнв). Предвидено пешачење од с.Пожаране до археолошко наогалиште Долна локва. Предвидено е пешачење од 3 часа по лесна патека која изобилува со костени.

Рута 3 Велосипедизам. Старт во 8.30ч од планинарски Дом Смрека на Попова Шапка(1800мнв). Рутата е на релација Попова Шапка – Шарски води – с.Пожаране (900мнв) со должина од околу 55км со 300м висинска разлика искачување и 1200м во слегување, активно се вози околу 6 часа.
Постои можност за ноќевање во Планинарски дом Смрека на Попова Шапка за оние кои сакаат да пристигнат од Сабота 03.10.2015. Спиење во планинарскиот дом е 250 ден.

Рута 4 Велосипедизам. Старт во 8.30ч од Центар на Гостивар. Рутата е на релација Гостивар (510мнв) – с. Долно Јаловце (1.050мнв) – Шарски води – с. Пожаране (900мнв) со должина од околу 35км со 600м искачување и 300м слегување, активно се вози околу 6 часа.

Музичка забава и пикник со прочуеното тавче гравче од с.Пожаране
од 16 до 19 час. Локација – дворот на селската задруга

Организиран Превоз од Скопје до сите дестинации. Поаѓање на 04.10.2015 во 6 ч. од Скопје – паркингот пред пошта 2 железничка станица.

ПРЕВОЗ: 600 денари го опфаќа превозот кој вклучува:

ВЕЛОСИПЕДИСТИ: човек во автобус и точак во камион до Попова Шапка за одење и од с.Топлица за враќање кон Скопје. Истата цена е предвидена за оние кои сакаат да ја возат турата од Гостивар (човек во автобус и точак во камион)

ПЛАНИНАРИ: комбе кое ќе обезбеди одење и враќање од водостан и караула на реката Маздрача (300 м.) (до таму има 7-8 км. макадам пат)

Уплата може да се изврши во просториите на планинарското друштво и на Жиро сметка 300000000307817 Комерцијална Банка АД Скопје.

Пријавување и уплата од 15.09.2015 до 01.10.2015г.

Информации и контакт:

Марио Шаревски 071 / 216 066
Зоран Костадинов 070/ 641 998

Напомена:
Секој учесник зена учество на сопствена одговорност, и одговара за својата психофизичка подготвеност.

Организаторите го задржуваат правото да вршат измени во планот и програмата поради објективни и безбедносни причини.

Автор

Дејан

Скопје

Македонија