Цветово – врв Бајрак 1527 мнв – ПД Караџица

Датум на почеток:

05.12.2018

Време на почеток:

04:30

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Програма за планинарската акција
с. Цветово – врв Бајрак 1527 м.н.в. – ПД Караџица

Сабота 12.05.2018

06:30- Собирање и поаѓање од Транспортен центар-Скопје (Железничка станица) со организиран превоз
07.30-Пристигнување во с.Цветово и тргнување кон „Празни Торба”
10:00-Пристигнување на седлото „Празни Торба”, пауза од 30 минути за одмор и појадок
10:15-Тргнување кон врвот Бајрак (1527 м.н.в.)
11:00-Пристигнување на врвот Бајрак.
11:30-Тргнување кон п. дом Караџица
15.00-Пристигнување во п.дом Караџица
19.00-Заедничка вечера на учесниците на планинарската акција

Недела 13.03.2018
Будење по желба
10.00-Посета на блискиот врв Мумџица
15.00-Тргнувње кон рибник Принц
16.30-Поаѓање од рибникот
18.00-Пристигнување со организиран превоз до Скопје(Транспортен центар-Железничка станица)

Напомена

Групата ќе биде водена од водичи одредени од организаторот ПСК Драчево Филип Чакаров .
Турата е со рекреативен карактер и за учество на истата е потребна средна физичка подготвеност и опрема ( удобни чевли, ранец, заштита од сонце, дожд, планинарски стапчиња).
Во сабота се пешачи околу 7 часа со неколку паузи, а во недела 1.30-2.00 часа.

-Секое отстапување од програмата кое е без дозвола од организаторот го иззема истиот од било каква одговорност кон тие учесници.
-Од организаторот ќе биде обезбеден 1 оброк, Ручек во сабота 12.05.2018
Останатите оброци сите учесници си ги носат и планираат сами.
-Превозот од Скопје до с.Цветово и назад од рибник Принц до Скопје, ноќевањето и оброкот во п.дом Караџица ќе чинат 700 денари по учесник
-Пријавување и информации секоја среда од 19:30 до 20:30 во клупските простории на ПСК Драчево Филип Чакаров или на броевите:
070 323 150-Јане
070 893 661-Весна
Организаторот го задржува правото за измени во програмата во зависност со условите на теренот.
Задолжителна резервација и плаќање до 10.05.2018.

Планинарски поздрав

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија