Наслов

Царев врв (2085м) #ИзлезиИДИши
Локација: 
Осогово
Држава: 
Македонија
Датум: 
Недела, 17 Февруари, 2019 - 06:00

Контакт

Име и презиме: 
I love hiking - group Macedonia

Поради тоа што последниве викенди имаме екстремно загаден воздух, нашето друштво започнa здрава иницијатива #ИзлезиИДИши Иницијативата опфаќа мали кратки тури на нашите планини каде има воздух за сите.

Уште една акција од иницијативата #ИзлезиИДИши. Овој пат иницијативата за зголемување на свеста за сопственото здравје кај се поголем број на активни луѓе, воедно и зголемување на бројот на активни луѓе по планините, ЗПЗП КАЛИН КАМЕН 2015 и I love hiking group Macedonia ве покануваат ...

Инцијативата ги опфаќа и следните тури:
- Лисец 10 Март
- Трескавец 7 Април

ОПИС НА ТУРАТА;

Одиме на истокот. Осоговска планина.
За сите почетници планинари кои сакаат да видат што претставуваат долгите прошетки по планините што ги правиме, еве таква можност. Царев врв е најлесната долга тура преку коjа може секој да види до кај е со кондицијата. Удобна е за сите видови на уживатели . Патеката е долга 3:00 - 3:30 часа со висинска разлика од 745 метри ( едно цело Водно ).
Со пријател покрај вас е уште полесна, ние ви нудиме друштво, вие понесете насмевка.

ПРОГРАМА;

-Поаѓање: 06:00 часот Железничка станица Скопје
-Пристигнување кај шумската куќа : 08:30 часот
-Почетна точка е на 1400 метри
-Се оди 9 км во правец
-Крајна точка Царев врв (Султан Тепе) 2085 метри
-Се искачува 745 метри
-За назад се искачува вкупно 139 метри
-Спаѓа во категорија на средни тури. (тежината е во газењето снег)
-Завршување на турата до 14:00 часот, каде и да се наоѓате се враќате кон комбињата
-ЗПЗП Калин Камен - Крива Паланка, ќе пробаат да ни обезбедат чај и просторија за пресоблекување на враќање .

ОПАСНОСТИ:
- Појава на облаци и губење во магла (чекање на патека, не напуштање на групата)

ПРИЈАВУВАЊЕ, ПРЕВОЗ И ЦЕНА:

ЦЕНА: за превоз на турата 550 денари од Скопје
Пријавување и информации најдоцна до сабота до 14:00 часот кај:
Димитрија ✆ 077 -525 616
Дејан ✆ 071-212 808

- За организација од Крива Паланка и Куманово, пријавување кај
- Денис ✆ 071 907 997 и Соцко ✆ 071 292 752

Пријавување и плаќање најдоцна до сабота 16 Февруари- 14:00 часот.
Плаќањето можете да го извршите на ж-сметка но со предходна консултација.
Примач : гуардианс оф нејчер – ај лав хајкинг груп маседониа
Банка : Стопанска банка – Скопје
С-ка бр: 200003122673462

ПОАЃАЊЕ:
СКОПЈЕ
- во 06:00 часот од паркингот пред Пошта 2 - Железничка станица
- попатно застанување нема

ВОДИЧИ НА АКЦИЈАТА ОД СКОПЈЕ:
Васил Скрчевски
контакт тел. 075 -486 805
меил: vasil@begova.com.mk

Останати водичи: Тимот на Калин Камен и Тимот на I love hiking

ПОТРЕБНА ОПРЕМА И УСЛОВИ:
- психофизичка подготвеност за пешачење во зимски услови;
- високи разгазени зимски чевли;
- гамашни;
- зимска топла облека која штити од дожд и ветер;
- зимски ракавици и капа;
- планинарски стапчиња;
- облекување во слоеви.

ИСХРАНА:
- секој сам си носи исхрана од ранец;
- вода 2 л.;
- суво овошје, сендвичи и сл.

НАПОМЕНА:
- Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
- Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
- Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
- Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
- Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

За овој настан сеуште нема пријавено гости.

Мапа

На Facebook