Бесна Кобила #ИзлезиИДиши

Датум на почеток:

02.10.2019

Време на почеток:

05:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Поради тоа што последниве викенди имаме екстремно загаден воздух, нашето друштво започнува здрава иницијатива #ИзлезиИДиши Иницијативата опфаќа мали кратки тури на планините каде има воздух за сите.

Еднодневна планинарска акција организирана на преубавата планина Бесна Кобила со истоимениот врв со надморска височина од 1923 метри. Целта на овој ивент е дружба, дишење на нивниот воздух и како шлаг на тортата Врањска Бања.

Инцијативата ги опфаќа и следните тури:
– Царев врв 17 февруари
– Лисец 10 Март
– Трескавец 7 Април

ПРОГРАМА;
– Искчувањето започнува од планинарскиот дом 1480 мнв
Врвот Бесна Кобила е 1923 мнв со што се качува 557 мнв малку помалку од Водно.
– Должина на патеката е во двата правци е 11 км со што во целост ги исполнува условите за зимски тури.
– Врвот ги нуди видиците на Власинско Езеро , Пирин, Копаоник, Варденик како и цела Македонија од Љуботен до Осоговска планина.
– По симнувањето од врвот правиме ѓезме во планинарскиот дом. Во домот може да се купи вкусна храна и пиење.
– Потоа се упатуваме кон Врањска Бања која го има најтоплиот извор во Европа со 94 целзиусови степени.
– За бањата е поребно пешкири и купаќи.
– Тежина на турата: ЛЕСНА (тежината е во газењето на снегот)

Секој е добредојден кој има желба за на планина и е психофизички подготвен без разлика дали е член или не е член на некој планинарски клуб.

ОПАСНОСТИ.
– Брзо надоаѓање на облаци и слаба видливост. (одење во група)

ВОДИЧИ НА АКЦИЈАТА:
Дејан Доневски
контакт тел 071- 212 808
меил: [email protected]
ДРУГИ ВОДИЧИ: Војниче, Владо, Димитрија, Киц, Васе, Стефан.

ПРИЈАВУВАЊЕ, ПРЕВОЗ И ЦЕНА:

ЦЕНА: за превоз на турата 650 денари
Пријавување и информации најдоцна до сабота 9 фев. до 14:00 часот кај:
Димитрија ✆ 077 -525 616
Дејан ✆ 071-212 808

Плаќањето можете да го извршите на ж-сметка но со предходна консултација или во СквизМЕ (Четврток-Петок 17-19 и Сабота 12-14 часот)
Примач : гуардианс оф нејчер – ај лав хајкинг груп маседониа
Банка : Стопанска банка – Скопје
С-ка бр: 200003122673462

ПОАЃАЊЕ:
– во 06:00 часот од паркингот пред Пошта 2 – Железничка станица
– Предвидено враќање кон Скопје 21-22 часот.
****Екипата на I love Hiking group Macedonia не одоговара за тие што се дојдени во сопствена режија. (се мисли надвор од програма****

ПОТРЕБНА ОПРЕМА:
– разгазени планинарски чевли;
– планинарски стапчиња;
– капа, ракавици, топла јакна;
– облекување во слоеви;
– очила за сонце, очила за скијање.
– за бањата (пешкир и купаќи)

ХРАНА:
– секој сам си носи исхрана од ранец (суво овошје, сендвичи, енергетски барови и сл.)
– вода 1,5 л.
– жен-шен, електролити.

*** НАПОМЕНА ***
– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици.
– Наведените планинарски акции се организирани и движењето ќе се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
– Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување или поради непоседување соодветна опрема наведена во описот на настанот.
– Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции во зависност од временските услови и други технички препреки.

П.С. Доколку има нови или дополнителни информации, тие ќе бидат истакнати на ивентов.та и организацијата)

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија