Бегово Поле Outdoor Party 2018

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

15:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Програма за јубилејното 10-то Бегово Поле 2018-та

Петок-22.06.2018
17:00 – Поаѓање со организиран превоз од Железничка станица (Транспортен центар) до рибник Принц- с.Алдинци
18:30 – Пристигнување во рибник Принц, и по планинарска патека упатување кон п.дом Караџица
20:00 – Пристигнување во п.дом Караџица, сместување на гостите
20:30 – Заедничка вечера
21:00 – Презентација на фотографии од изминатите години на настанот како и останати материјали од историско значење за клубот

Сабота-23.06.2018
06:00 – Поаѓање на групата која ќе се искачува на Солунска глава 2540 м.н.в.
07:00 – Будење и појадок на останатите
08:00 – Поаѓање кон Бегово Поле
11.30 – Пристигнување на Бегово Поле
12:00 – Почеток на забавата, настап на бенд во живо
16:00 – Тргнување кон п.дом Караџица
18:00 – Пристигнување во п.дом Караџица заеднички ручек и попладневен одмор
21:00 – Почеток на заедничка планинарска забава

Недела-24.06.2018
Будење по желба
10:00 – Кратка локална прошетка (Жаба-Река-Римска населба-дом Караџица)
15:00 – Поаѓање од п.дом Караџица кон рибник Принц
16:30 – Поаѓање од рибник Принц со организиран превоз кон Скопје
18:00 – Пристигнување во Скопје( Железничка станица-Транспортен Центар)

НАПОМЕНИ:

– Групата ќе биде водена од водичи одредени од организаторот ПСК Драчево Филип Чакаров.
– Секое отстапување од програмата кое е без дозвола од организаторот го иззема истиот од било каква одговорност кон тие учесници.
– Од организаторот ќе бидат обезбедени 3 оброци. Вечера во петок 22.06, ручек во сабота 23.06 и доручек во недела 24.06. Останатите оброци сите учесници си ги носат и планираат сами.

– Превозот Скопје-Рибник-Скопје ќе биде организиран од приватен превозник набавен од ПСК Драчево Филип Чакаров.
– Ќе има можност за преноќување во домот Караџица двете вечери, но исто така има можност за поставување на шатори во дворот на домот.
– Организаторот ќе има припремено вечера за двата дена од викендот

Сите оние кои ќе се одлучат да дојдат на настанот во сопствена организација за превоз и спиење во шатор е бесплатна. За учесниците од оваа категорија, постои можност за добивање на оброк по симболична цена.

Пријавувањето за сите категории е задолжително!

Заинтересираните за турата можат да се пријават и дополнително да се информираат на некој од телефоните:

070/522-143 – Никола
070/323-150 – Јане
070/893-661 – Весна

* Организаторот го задржува правото за измени во програмата во зависност со условите на теренот.
* Задолжителна резервација и плаќање до 20.06.2018-та

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија