Алпинистички собир Остра Карпа – Прилеп
Датум на почеток:
06.08.2013
Време на почеток:
06:00
Локација:
НАСТАНОТ ЗАВРШИ
else: ?>Време до почеток
Инфо
Тематска работа на овој собир е качување на насоки по избор!
Слободниот дел на качување ќе биде по избор на наврските во постоечките насоки кој се со ин ситу осигурување за таа цел потребно е секој да понесе адеквата опрема за ваков вид на качување. Потребно е да се знае дека поголем дел од насоките завршуваат со абзел од 30 метри и потребно е да се понесе минимум на 60 метарско јаже или биколори.
Поради одалеченоста на локалитетот од населено место потребно е секој да понесе доволно храна и вода за работниот ден на качувањето. Водата треба да биде во доволна количина поради јужната експонираност на карпата која цело време ја грее сонце со тоа што дехидрираноста е поголема.
За сместувањето најдобра варијанта е манстирот св.Никола кој се наога над селото Прилепец, или варијанта со шатори кој може да се постават над селото Прилепец во подножјето на карпата.
Повеке информации за локалитетот,собирот и насоките на:
http://www.plocaclimbing.com/?page_id=4751
или на моб: 070/550 – 058 – Зоран Мајсторски А.К.Плоча – Радовиш