Наслов

Алпинистички собир „Македонски алпинистички великани“ 2016
Локација: 
Матка
Држава: 
Македонија
Датум: 
Сабота, 7 Мај, 2016 - 08:30

Контакт

Име и презиме: 
МАФ

Македонската Алпинистичка Федерација, Ве поканува на традиционалниот алпинистички собир на Матка, „Македонски Алпинистички Великани", кој оваа година ќе се одржи за време на викендот 7/8 мај.

Ова е еден од најважните собири за алпинистичката заедница во нашата земја, кој традиционално, со децении наназад се организира за време на вториот викенд од месец мај и кој ги привлекува алпинистите од сите алпинистички клубови од Р. Македонија, на задничко дружење и искачувања на алпинистичките насоки во овој локалитет.

Собирот е со официјален почеток на 7ми мај (Сабота) во 8:30 часот.

За време на собирот, како и сите години претходно, ќе биде организиран и „Отворен ден со македонските алпинисти", за време на кој сите заинтересирани, под менторство на искусни членови на Македонската алпинистичка федерација, ќе можат да се запознаат со основната опрема која македонските алпинисти ја користат за време на искачувањата, но и да направат искачување на соодветни насоки во овој локалитет.

Отворениот ден ќе се одржи на 8ми мај (Недела) од 9 до 12 часот.

За овој настан сеуште нема пријавено гости.

Мапа

П В С Ч П С Н
1
 
2
 
 
 
 
 
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
25
 
26
 
27
 
 
29
 
30
 
31
 
 
 
 
 

На Facebook