7-ми Традиционален марш Смилево 2018
Датум на почеток:
05.06.2018
Време на почеток:
04:00
Локација:
НАСТАНОТ ЗАВРШИ
else: ?>Време до почеток
Инфо
Во чест на ” Денот на безбедноста на РМ. 7ми Мај ”-
Полицискиот спортско планинарски клуб 7-ми Мај Битола го организира VII-от традиционален марш.
,,СМИЛЕВО 2018”
Маршот ќе се изведе на ден 6-ти Мај 2018г.( недела ) на релација Битола – превој Ѓавато ( Дервен ) – пл.врв Пирамида 1656мнв.- чешма Горановец – с.Смилево – Битола.
Собирањето на учесниците на маршот е во времето од 6.00 до 6.15 часот кај фонтаната пред СВР Битола и превезувањето на истите со автобус до превој Ѓавато ( Дервен ), од каде е предвиден старт на маршот во 7.00 часот.
Враќањето од с.Смилево е предвидено во 17.00 часот.
Превозот од Битола ( фонтана пред СВР Битола ) до Ѓавато (Дервен ) и од с. Смилево до Битола е организиран по цена од 200 ден по учесник.
Од страна на организаторот е обезбеден ручек во с. Смилево, а секој учесник на маршот потребно е со себе да понесе прибор за јадење.
НАПОМЕНА: Сите учесници на маршот треба да бидат во добра психофизичка кондиција. Задолжително е користење на планинарска опрема и облека , задолжително облека против дожд. Патеката е средно тешка, маркирана, во должина од 18км.
Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици.
Наведенита планинарска акција е организирана и движењето ќе се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Организаторот и водичите имаат право да исклучат член, пред стартот на планинарската акција, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки.
Пријавувањето на планинарските клубови и поединци да се изврши најдоцна до 3.5.2018г. ( четврток ) на следните тел.броеви
075/482-877 Стојан Митковски
070/395-892 Стевче Митревски
или на e-mail: [email protected]