38мо традиционално искачување „Титов Врв 2019“/ “Titov Vrv 2019”

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

06:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

[МК] Планинарски Клуб „Љуботен” – Тетово по триесет и осми пат го организира традиционалното искачување на Титов Врв, кое само по себе низ годините стана препознатлив планинарски бренд во Република Македонија. Со вакви настани, нашата земја гради традиција која трае и нѐ претставува пред меѓународната јавност, истакнувајќи ја грижата за здравјето и благосостојбата на населението, зачувувањето на природата и стремежот кон одржливо живеење и одржлив развој. Настанот е дел од кампањата „ЕУ за ТЕБЕ” организирана од Канцеларијата на ЕУ во Скопје. Со цел да се одржи високо ниво на безбедност и организираност, согласно препораките на ФПСМ – Федерацијата на Планинарски Спортови на Македонија за „Организација на големи традиционални планинарски акции”, Планинарскиот Клуб „Љуботен” ги поканува сите друштва/клубови и организирани здруженија да земат учество на овој заеднички планинарски настан. Сите заинтересирани друштва/клубови и организирани здруженија задолжително е да се пријават (формулар за пријавување и изјава на координаторот*), со што би стекнале статус на учесник во организирана активност.

СМЕСТУВАЊЕ И ПРЕВОЗ

● Превозот до Попова Шапка е во сопствена организација.
● Обезбедено е ноќевање во:
– Хотелските капацитети на Попова Шапка по цена од 600 ден. (10 €)
– Планинарски домови на Попова Шапка по цена од 300 ден. (5 €)
● Ве молиме, благовремено и најдоцна до 21.05.2019 г. да го пријавите Вашето учество, за да можеме да го организираме сместувањето во обезбедените сместувачки капацитети. (за дополнителни информации Ви стоиме на располагање).

КОНТАКТИ

– Игор Стојаноски – моб: +389 (0) 77 894 661
– Дорис Таневска – моб: +389 (0) 70 299 457
– e-mail: [email protected]

ПРОГРАМА НА НАСТАНОТ

25 мај 2019 (сабота):

– 12:00 часот – 18:00 часот – пријавување на друштвата/клубовите и организираните здруженија во сместувачките капацитети на Попова Шапка кај одговорните лица на П.К. „Љуботен” и сместување на пријавените учесници
– 12:00 часот – 14:00 часот – акција за чистење на смет во близина на хотелот „Попова Шапка” #TrashTagChallenge
– 14:00 часот – 16:00 часот –Трибина на тема: „Планинарењето, поттик за здрави навики кај младите”, организирано од Младинска Комисија при ФПСМ
– 16:00 часот – 18:00 часот – забавно-едукативни игри за сите пријавени учесници
– 19:00 часот – свечено отворање на настанот во холот на хотелот „Попова Шапка” – Попова Шапка
– 19:30 часот – состанок со координаторите на групите на кој ќе бидат детално објаснети условите за искачувањето и доделување на дипломите за учество
– 20:00 часот – 23:00 часот – планинарско дружење и забава

26 мај 2019 (недела):

– 06:30 часот – Тргнување на колоната од платото пред хотел „Попова Шапка” кон Титов Врв по „Вакуфска Патека”!
– 11:00 часот – пристигнување на колоната на Титов Врв.
– 12:00 часот – тргнување на колоната од Титов Врв кон Попова Шапка.
– 16:00 часот – пристигнување на Попова Шапка, послужување со планинарски чај организиран од „Пријателите на Шара”, испраќање на гостите и затворање на настанот.

ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријавувањето може да се изврши:
● со испраќање на скенирани оригинални формулари и изјави*, на официјалната маил адреса на П.К. Љуботен – [email protected], најдоцна до 21.05.2019 г., до 19:00 часот и со доставување на пополнети оригинални формулари при пристигнување на друштвата/клубовите и организираните здруженија во сместувачките капацитети на 25.05.2019 г., до 18:00 часот или
● со пополнување на формулари и изјави при пристигнување на друштвата/клубовите и организираните здруженија во сместувачките капацитети на 25.05.2019 г., до 18:00 часот.
● Пријавувањето се врши со цел верификација за учество на 38то традиционално искачување „Титов Врв 2019″ на друштвата/клубовите и организираните здруженија и доделување на диплома за учество.

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ИСКАЧУВАЊЕТО

– Движењето се одвива по Вакуфска Патека во организирана колона по наведента програма!
– GPS податок за патеката Ви доставуваме во прилог! **
– Координаторите на друштвата/клубовите и организираните здруженија, задолжително да присуствуваат на состанокот со координаторите! Истите при пријавувањето ќе добијат акредитација.
– Координаторите на друштвата/клубовите и организираните здруженија се одговорни за пријавените членови од матичниот клуб и секој координатор потребно е да има обезбедено доволен број на водичи сразмерно на бројот на пријавени учесници од матичните клубови – согласно препораките на ФПСМ („упатство за број на учесници во планинарска акција за планинарски водичи”) ***
– Исхраната е сопствена, индивидуално предвидена за планинарска тура до 10 часа!
– За искачувањето потребна е соодветна планинарска опрема за во зимски услови!
– Секој од учесниците треба да биде во добра психофизичка кондиција!
– Сите индивидуални лица кои сакаат да земат учество на настанот мора да се приклучат кон одредено друштво/клуб и организирано здружение со формална пријава.
– Организаторот го задржува правото за промена на програмата во зависност од временските услови.

Напомена: Планинарскиот Клуб „Љуботен” не одговара за последиците кои би се случиле вон оваа програма, како и за учесници кои немаат доставен формулар за пријава! Сите формално непријавени друштва/клубови и организирани здруженија и учесници се смета дека не се дел од организацијата на 38то традиционално искачување „Титов Врв 2019″.

*Формулар за пријавување и изјава на координаторот, , може да се најдат во целосната покана, достапна на овој линк: http://bit.ly/pokanatitovvrv

** GPS податокот од патеката преземете го од следниот линк: http://bit.ly/titovvrvgps

***ПРЕПОРАКИ НА ФПСМ

Сите учесници се должни да се придржуваат кон следниве препораки:
− „Движење низ планина во зимски услови”
− „Препораки за опрема”
− „Безбедна посета на планините во зима бидете подготвени и одговорни”
− „Кодекс на честа на македонските планинари”
Линковите од препораките на ФПСМ, може да се најдат во целосната покана, достапна на овој линк: http://bit.ly/pokanatitovvrv

Ве очекуваме!

Со почит,

Тимот на ПК Љуботен

#ТитовВрв2019
#TitovVrv2019

[EN] You can find the invitation and all the information on the following link:
http://bit.ly/invitationtitovvrv

[SHQ] Në këtë link mund të gjeni ftesën dhe informatat tjera:
http://bit.ly/ftesetitovvrv

Автор

Toni Ackovski

Скопје

Македонија