25ти Традиционален Планинарски Марш “Перо Илиевски” – Ума 2018

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

05:30

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Планинарското Друштво “Кожуф” Гевгелија го организира 25ти Традиционален планинарски марш Перо Илиевски – Ума кој ке се одржи на ден 22.04.2018год.(Недела) на планината Кожуф по следната

ПРОГРАМА
Поаѓање од пред спортската сала ДТВ Партизан – Гевгелија во 7-30 часот.
Со автобуси се оди до село Конско,потоа пеш до Планинарски Дом Томе Шутов-Кротки каде што организаторот Планинарското Друштво Кожуф Гевгелија има обезбедено чај за секој учесник,од планинарскиот дом се продолжува со пешачење кон село Ума,попатно освежување со локум и друго.
Пристигнување во село Ума во 12 часот, полаѓање цвеќе на спомен плочата во 13 часот и доделување на благодарници на планинарските друштва и поединци,а потоа заеднички ручек за сите учесници (планинарско гравче) обезбедено од организаторот на маршот.

Патеката е со вкупна должина од 12,5км.
Секој учесник е должен да си носи ПРИБОР ЗА ЈАДЕЊЕ.
Поаѓање од село Ума кон местото Лековита вода каде ке чекат автобусите во 15-30 часот,поаѓање на автобусите од Лековита вода кон Гевгелија во 17 часот.
Превоз од Гевгелија до село Конско и од Лековита вода до Гевгелија е 50 денари за секој учесник.(учесниците кој доаѓат од другите градови должни се со сопствен превоз да дојда до с.Конско,или навремено да се најават на организаторот за да бидат вклучени во организираниот превоз.)
Сите планинарски друштва од Македонија кои планираат да учествуват на маршот должни се да го најават своето учество најкасно до 19.04.2018год.(Четврток).

ОПРЕМА :
-Соодветни чевли
-Ранец
-Мантил за дожд
– Резерва облека
Лица за контакт :
Карајкова Љубица 072-249-089
Караманова Александра 078-749-939 или на фацебоок кај
https://www.facebook.com/risto.karkalasev

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија