20-ти Меморијален Марш „Четири Алпинисти“ Солунска Глава

Датум на почеток:

12.07.2018

Време на почеток:

17:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Драги пријатели, планинари, алпинисти,
Оваа години се навршуваат 20 години од големата трагедија на Солунска Глава, кога животот го загубија нашите другари (алинисти): Влатко Боцевски (Влатче), Бранислав Ристовски (Бране), Огњан Филиповски (Оги) и Предраг Толмачев (Папе/Пеџа).
Луѓе кои ги поместуваа границите на Македонскиот алинизам, високогорство и планинарење. Луѓе кои несебично го пренесуваа своето знаење на помладите генерации. Луѓе кои директно влијаеа на опстанокот на алпинизмот во нашата држава. Луѓе кои ја отворија до денешен ден единствената оклинчена насока на “Нежилови Стени” на Солунска Глава, токму на планината на која и ги положија своите животи. Луѓе за паметење. Луѓе ХЕРОИ…, ДРУГАРИ…, луѓе ГОЛЕМИ…!
По овој повод ве повикуваме заедно да го одбележиме овој настан и да оддадеме почит на нашите другари, но и во исто време да се насладуваме на зимските искачувања на оваа прекрасна планина, која тие бескрајно многу ја сакаа.

Програма на меморијалот:

Петок 07.12.2018г.

– Пристигнување и сместување во планинарскиот дом “Чеплес” во попладневните и вечерните часови.
– За оние кои не знаат или не се сигурни како да пристигнат до пл.дом “Чеплес” ќе биде обезбедена придружница. Оваа група ќе појде од Богомила (зборно место железничка станица и продавниците во Богомила) од 16:20 – 17:00 часот.
22:00 – Отворање на меморијалот.

Сабота 08.12.2018г.

08:00 – Старт на маршот. Посета на месноста “Горна Бабина Рупа” каде ќе оддадеме почит на нашите другари и искачување на врвот “Солунска Глава”.
16:00 – Ручек – планинарско гравче (овој ручек го обезбедува организаторот)
18:00 – Потсетување на нашите другари (проекција на документарниот филм изработен во нивна чест)
19:00 – Проекции на филмови на тема планинарство и алпинизам.
21:00 – Планинарска вечер придружувана со неколку гитари.

Недела 09.12.2018г.
– Кратки прошетки
12:00 – Затворање на меморијалот
13:00 – Заминување

Напомени:

1. За искачувањето од пл.дом “Чеплес” до врв “Солунска Глава” задолжителна е зимска планинарска опрема (добри планинарски чевли, гамашни, топла облека, капа, ракавици и сл.). Исто така учесниците треба да си понесат основен прибор за јадење (лажица, вилушка и нож). Садови и тањири не се потребни и истите ќе бидат обезбедени од страна на планинарскиот дом.
2. Во петок 07.12.2018 возот за Битола од Скопје поаѓа во 14:30 и треба да пристигне во Богомила во 16:20. Доколку има учесници кои ќе го користат овој транспорт, истите ќе бидат пречекани од дел од тимот на организаторот со цел заедничко искачување до пл. дом “Чеплес”.
3. Цената на сместување во домот ќе биде 150 денари од ноќ во стариот и 300 денари во новиот дел.
4. За оние кои сакаат да направат претходна резервација за ноќевањата, истата може да ја направат со уплата на жиро сметка 200002656266228 Стопанска Банка АД Скопје – Плнинарско друштво Чеплес Велес, но со претходна најава кај домарот Тоше на следниот тел. 078/449 015

Информации на телефон: 075/303 988 Дарио

Се гледаме на Солунска!

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија