19-то Традиционално искачување „Козјак ’97“ – врв Козјак 1747 мнв

Датум на почеток:

06.07.2015

Време на почеток:

04:30

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Почитувани планинари, љубители на планината.

ПСЗ „Козјак” – Прилеп на ден 07.06.2015 недела го организира 19 Традиционално искачување на врвот Козјак (1747 мнв).

Оваа година искачувањето ќе се одвива по патеката на која беше организирано и првото традиционално искачување во 1997 година. Името „Козјак ’97” е во спомен на изгорениот планинарски дом Дервен кој изгоре во 97 година.

Релација : <Прилеп > ман. св. Ѓорѓија – Борула – чешма Студеница – Белото – врв Козјак – чешма Студенец – с. Плетвар
Патеката е во должина од 15,5 километри.

Програма:

06:30 – 07:00 – Собирање на учесниците на плоштад Александрија (пред Реклами) , собирање на листите на учесници, разговор со водичите на организираните групи и останатите учесници, и сместување во автобус.
07:00 – Тргнување од плоштад Александрија
07:30 – Пристигнување на групата пред ман. св Ѓорѓија и старт на маршот.
09:30 – Пристугнување на чешма Студеница, прва поголема пауза, место за поручек.
10:30 – Пристигнување на групата на превој Белото.
12:30 – Пристигнување на групата на врв Козјак.
14:30 – Пристигнување на групата на чешма Студенец.
15:00 – Пристигнување во с. Плетвар, каде организаторот има обезбедено ручек, затворање на маршот, доделување на благодарници за учество.
17:00 – Тргнување од с. Плетвар кон Прилеп.

ПСЗ „Козјак” – Прилеп , обезбедува и спиење за оние кои сакаат да дојдат во Прилеп во сабота 06.06.2015, во манастирот св. Ѓорѓија , по цена од 50 денари. Доколку има заинтересирани, во сабота на 06.06.2015 ќе биде организирана кратка прошетка околу пл. дом Дервен, и до врвот мал Мукос на 1 час пешачење од манастирот.

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРИЈАВУВАЊЕ ДО 04.06.2015, ЗА ОНИЕ ШТО САКААТ ДА ПРЕНОЌАТ ВО МАН. СВ . ЃОРЃИЈА.
Стартот на искачувањето „Козјак ’97” е од ман. св. Ѓорѓија.

НАПОМЕНА :
Потребно е секој учесник да понесе прибор за јадење.
Превозот од Прилеп до ман. св. Ѓорѓија и од с. Плетвар до Прилеп е ОБЕЗБЕДЕН од организаторот. Во прилог е доставена листа за учество. Листата се предава оргинал пред почетокот на маршот на организаторот или по електронски пат на маил адресите [email protected] и [email protected] .

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРИЈАВУВАЊЕ НАЈДОЦНА ДО 05.06.2015, ЗА ОРГАНИЗАЦИСКИ ПОТРЕБИ.

Патеката е средно тешка и е добро маркирана. Патеката има вода. Потребна е психо-физичка кондиција.

Подетални информации и пријавување на :
тел. броеви
075/ 609-821 – Бојан
071/ 460-322 – Благоја
или на фб профилите Бојан Станимировиќ и Psz Kozjak Prilep

Автор

Дејан

Скопје

Македонија