15-ти меморијален марш на Солунска Глава

Датум на почеток:

12.06.2013

Време на почеток:

14:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

ПОКАНА
МЕМОРИЈАЛЕН МАРШ „ЧЕТИРИ АЛПИНИСТИ”
СОЛУНСКА ГЛАВА

Почитувани
По повод петнаесет годинини од несреќата во која животот го загубија нашите пријатели – алпинисти : Влатко Боцевски, Бранислав Ристовски, Огњан Филиповски и Предраг Толмачев, во периодот од 06-08.12.2013г. во организација на АК. „К2″ ќе се одржи традиционалното искачување на врвот Солунска Глава.
Ве повикуваме заедно да го одбележиме овој настан и да одадеме почит на нашите пријатели.

Програма на меморијалот:

Петок 06.12.2013г.

– Пристигнување и сместување во планинарскиот дом “Чеплес” во попладневните и вечерните часови.
– За оние кои не знаат или не се сигурни како да пристигнат до пл.дом “Чеплес” ќе биде обезбедена придружница. Оваа група ќе појде од Богомила (зборно место железничка станица) од 16:30 – 17:00 часот. АК. “К2” ќе се потруди да обезбеди транспорт за целата група до село Нежилово, а доколку тоа е изводливо (во зависност од условите на патот) и до самиот пл.дом “Чеплес”.
22:00 – Отворање на меморијалот.

Сабота 07.12.2013г.

08:00 – Старт на маршот. Посета на месноста “Горна Бабина Рупа” и искачување на врвот “Солунска Глава”.
16:00 – Ручек – планинарско гравче
18:00 – Потсетување на нашите другари (проекција на документарниот филм изработен во нивна чест)
19:00 – Проекции на филмови на тема планинарство и алпинизам.
21:00 – Планинарска вечер и забавна програма

Недела 08.12.2013г.
– Кратки прошетки
12:00 – Затворање на меморијалот
13:00 – Заминување

Напомени:
1. За искачувањето од пл.дом “Чеплес” до врв “Солунска Глава” задолжителна е зимска планинарска опрема (добри планинарски чевли, гамашни, топла облека, капа, ракавици и сл.).
2. Од Скопје на 06.12.2013г. (петок) со возот за Битола во 14:30 ч. ќе замине организирана група. За сте кои сакаат да се приклучат кон оваа група, зборно место се шалтерите на железничката станица, најдоцна до 14:10 ч.
Информации на телефоните: 075/303 988

Со спортски поздрав,
АК.”К2″

Автор

Дејан

Скопје

Македонија