11-та Традиционална роденденска акција Кожле – Карабуниште

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

06:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Пред 11 години беше формиран Планинарскиот клуб Македон. Пред 11 години за прв пат официјално беше изведена оваа акција од с. Кожле до с. Карабуниште и од тогаш клубот традиционално секоја година ја изведува оваа акција. Оваа година е нејзиното 11-то издание и воедно 11-ти роденден на ПК Македон.

Турата спаѓа во категоријата лесни акции. Започнува од село Кожле во близина на Катланово, сместено во живописна природа над кањонот на реката Пчиња и се одвива по релативно рамен терен, низ убави зелени предели покрај реките Пчиња и Вардар, а се пристигнува во село Карабуниште (Велешко) во подножјето на планината Голешница (за околу 2 часа и 30 мин) со лесно движење и уживање во природата на Таорската клисура, каде се прави подолга пауза. По паузата тргнуваме назад кон Кожле покрај самиот влив на реката Пчиња во Вардар се до манастирот Богородица изграден во карпа и каде правиме подолга пауза за одмор, закуска и дружење.

Збирно место за тргнување е паркингот пред поштата на нова железничка станица 8 часот (ве молиме бидете таму 15 минути пред 8 часот). Враќање од Кожле околу 17 часот.

Превозот е со сопствен превоз и организиран со комбиња. Местата во комбињата се ограничени. Резервацијата на превозот е со уплаќање. Цената е 350 ден. Краен рок за пријава е петок 19 април.

Лица за контакт:
Петар 075 322059
Љупчо 070 231993
Тони 072 243939

Потребна опрема

Се работи за релативно лесна патека, првенствено за уживање и доволно ви е да се понесе основна опрема за планинарење како
– Разгазени обувки (високи или ниски)
– Лесна јакна, шушкавец во случај на дожд
– Наочари за сонце
– 1 литар вода (има и таму да се наполни)
– Храна по свој избор

Акцијата ќе биде водена од членови на клубот, регистрирани водичи при ФПСМ

Организаторот на акцијата има за право да прави измени во планот во зависност од условите на теренот и има за право да ги одстарни од групата оние кои нема да се придржуваат и почитуваат кон правилата за движење во планина. Секој учесник е сам одговорен за својата психофизичка состојба.

Секој учесник е ДОЛЖЕН да се придржува и да ги почитува водичите на групата нивните одлуки и насоки на движење. Самоиницијативно движење по предели и насоки кои не се дадени од организаторот ПК Македон нема да бидат толерирани.

За повеќе информации слободно контактирајте не.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија