11ти меморијален марш „Чичко Јосиф Илковски 2014 год“
Датум на почеток:
04.11.2014
Време на почеток:
12:00
Локација:
НАСТАНОТ ЗАВРШИ
else: ?>Време до почеток
Инфо
ЈАВНА ПОКАНА
Во чест на нашиот драг колега – планинар, писател, борец за Македонија како
пристојно место за живеење,кој трагично загина бранејќи ја убавината на нашата
планина Китка – Јосиф Илковски 1924-2001
Мото на маршот е заветот на Чичко Јосиф
„Човеку-нечовеку, границата твоја е доброто-злото“
Основна цел е масовно вклучување на граѓаните во планинарството како спорт за своја душа и тело. Искачувањето на Китка ви овозможува прошетка по прекрасните падини за цела фамилија, без оглед на староста и пол.Да почуствувате задоволство на победа, зошто секој кој се искачи на врвот е победник.
Маршот е составен од две патеки и тоа.
1.Екстремна патека-се оди од планинарски дом „Чеплес“-Солунска Глава-2540м-Бегово-планинарски дом Караџица-Алдинци-Преслап-планинарски дом Китка-Горно Количани
патеката е долга 58 км со 2620 м висинска разлика и се пешачи 19 ч. Зборно место планинарски дом Чеплес на 11.04.2014 год во 07 ч. Бројот на учесници е делумно ограничен поради ноќевање во планинарските домови Чеплес и Караџица/150 ден /исхрана од ранец.
2.Рекреативна патека-с.Горно Количани-планинарски дом Китка-с.Горно Количани е долга 8100м со висинска разлика од 780 м и се пешачи 2,30 и 2 ч за враќање.
Зборно место на 13.04.2014год пред ПТТ Железничка станица во 08 час, бројот не е ограничен. Организаторот обезбедува превоз на релација Скопје-Горно Количани-Скопје на 13.04.2014год-цена 150 ден.Исхрана од ранец,обезбеден чај/маица 160 ден.
Во 13 ч. ќе се положи цвејќе и ќе се одржи пригодна беседа за нашиот драг пријател Јосиф Илковски.
*Право на учество има секој кој се чуствува здрав и способен за ваков предизвик и сака да партиципира во чествувањето за Чичко Јосиф.
**Патеката е одбележана со црвен круг и внатре со бела боја или црвена со бела линија,или црвени и жолти знаменца.
***Однесување на патеката-секој учесник е должен да ја чува околината од пожар, смет, кршење, загадување – нека листот и понатака зеленее.
****Опрема и облека секој по свое наоѓање, обрнете внимание на обувките, треба да се разгазени за да не се добијат плускавци, пелерина за дожд.
Пријава и Информации-СПС на Македонија 3165-540/
*Трансверзалец 3223-024//070-641-998
Со почит
Организационен Одбор