3 Off Road Show Skopje 2018

Датум на почеток:

10.06.2018

Време на почеток:

06:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Во 2016 година МК Александар за прв пат во Македонија организираше манифестација која се состои од 3 различни дисциплини: ендуро, трофи и рели реид. Учесниците беа поделени во 4 категории: Mото; АТV; UTV и 4х4 возила, а патеката се состоеше од брзински испити и поврзувачки етапи по екстремни терени од природни и вештачки пречки (дрва, камења, гуми, вода и сл). Првите две изданија на Off Road Show Skopje привлекоа над 100 учесници и големо внимание во јавноста, а неколку илјадната публика можеше да ужива во умешноста на најдобрите македонски учесници на 2 и 4 тркала. Помеѓу почесните гости беше и двојниот европски шампион во автомобилизам Игор Стефановски – Иџе кој се вклучи во ендуро натпреварот, а меѓу учесниците беа и десеттина шампиони на Македонија во мотоциклизам и автомобилизам.

Од 2017 година Off Road Show Skopje влезе во меѓународниот календар како дел од BMU European Enduro Championship.

По двете успешни организации, ни претставува особена чест што 3′ Off Road Show Skopje 2018 ќе се бодува за дури 3 шампионати: BMU European Extreme Enduro Championship 2018, BMU European Enduro Championship 2018 и Отворен шампионат на Македонија во Ендуро за 2018 година.

Автор

Дејан

Скопје

Македонија