Наслов

Втор Дуатлон натпревар
Локација: 
Парк Авионче - Ново Лисиче
Држава: 
Македонија
Датум: 
Недела, 4 Ноември, 2018 - 09:30

Контакт

Име и презиме: 
Триатлон Федерација на Македонија

Втор Дуатлон натпревар, Скопје 2018година – СКОПЈЕ ОПЕН ДУАТЛОН 04.11.2018
Организатор – ТФМ ,
Покровител АМС
Место на одржување Скопје,населба Аеродром –под мостод Близнак 04.11.2018
Старт на натпреварите: под мост Близнак
9:30-10:00 Поделба на стартни броеви за Сениори/Јуниори/Рекреативци и Кадети
10:00-11:30 Старт за Сениори, Јуниори, Рекреативци и Кадети
11:30 Поделба на броеви за кетегорија на Деца 1 и Деца 2
12:00-12:30 Деца 2
12:30-12:50 Деца 1
13:00 Прогласување на победниците по категории.
Поделба на стартни броеви, од 9:30-10:00 часот на стартна рамнина под мостот Близнак,населба Аеродром.
Право на учество, сите регистрирани спортисти во ТФМ членови на клубовите.Спортистите мора да бидат осигурани и лекарски прегледани. (Обврска на клубовите).
Спортистите кои немаат осигурување и лекарски преглед, потпишуваат изјави дека настапуваат на сопствена одговорност.

Котизација за трката е 300 денари за кетегоријата на деца,сите останати кетегории 600ден за нерегистрирани натпреварувачи и натпреварувачи кои не ја регулирале навремено годишната чланарина заклучно до мсесец Март оваа година.
Уплата за котизација да се изврши на сметка на Триатлон Федерација на Македонија во Стопанска Банка – 200001456255463 најкасно до 29.10.2018 како и пријавување на меил nikolovska@sportskopje.mk. со ваше име и презиме, дата на раѓање.

Трката се бодува за Шампионат на Македонија во Дуатлон
Технички правила, Учесниците се должни да ги почитуваат правилата на ИТУ и ТФМ и учеството на трката е на сопствена одговорност и сите настанати последици се на сопствена одговорност на натпреварувачите.
Задолжително - носење на заштитен шлем, соодветна опрема за дуатлон/триатлон (во случај да нема триатлон одело, задолжително триатлонецот се натпреварува со маица која несмее да ја отстрани се до звршување на трката и несмее да се натпреварува со голо торзо во било кој дел од трката освен во пливањето).
Не се дозволени Т.Т велосипеди кои не ги подржуваат стандардните UCI правила како и аеро шипки на гиданот.
Доколку сакате да користите камера на велосипедот или на кацигата должни сте да наведете вашето барање кај главниот судија пред влез во боксот и завземање на вашата позиција.

Доколку имате било какви прашања тел за контакт 070363958 Иван Михајловски
070221850 Гордана Николовска
до 29.10.2018г.

Триатлон Федерација на Македонија

За овој настан сеуште нема пријавено гости.