Трет Outdoor фестивал Даутица 2018 !

Датум на почеток:

06.02.2018

Време на почеток:

05:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

На 02-03 Јуни 2018(сабота и недела) Еколошката Групација Грин Пауер со своите пријатели, го организираат третиот Outdoor Festival, Даутица 2018. Фестивалот опфаќа планинарење, друмски велосипедизам и се соединуваат сите овие активности во еден заеднички настан.(Листата на организатори и учесници не е затворена и секој може да се приклучи во организацијата, и учеството).

ДЕТАЛИ за НАСТАНОТ:
ПОЧЕТОК/СТАРТ НА ПЛАНИНАРЕЊЕ:

– 03 ЈУНИ(недела) во 9:15 часот од дворот на планинарскиот дом Папрадиште (1000 м.н.в.). Опфаќа искачување на врвот Даутица(2178мнв) м.н.в. Патеката е средно тешка, маркирана по цела должина, долга 16 км во обата правци, четири и пол часови одење до врв и вкупно движење во група околу 7.5 до 8 часови во двата правци. Вода има на две места по должината на патеката. Последниот извор е на два часови пред врв. Исхрана од ранец. Обезбедени се планинарски водичи. Од врвот Даутица се простира невозможно убаво поглед кон сите четири страни на светот- Вештачко езеро Козјак со природен резерват Јасен, Солунска Глава, Караџица, Поречие и Македонски Брод, Пелагонија, Пелистер, Крушево, Рила, Пирин, Кожуф, Беласица, и цела Западна трансверзала.
За помалку спремните предвидено е формирање на полесна група за искачување до месноста Куртовица (1680 м.н.в.), или до планинарскиот дом Чеплес (1430 мнв).

ВЕЛОСИПЕДИЗАМ(друмско возење) :
СТАРТ 2 ЈУНИ(сабота) ВО 8.30 часот од дворот на паркингот на Гимназијата „Кочо Рацин„ во Велес. Патеката е средно тешка, со должина од 56 км во еден правец. Асфалтирана е по цела должина, а последните 7-8 километри се вози по наклон до 10%.
ВРАЌАЊЕ кон Велес : Во недела(3 јуни) во 17 часот.

НАСТАНОТ Е ОД ОТВОРЕН КАРАКТЕР И НЕ СЕ НАПЛАЌА КОТИЗАЦИЈА.

Се повикуваат сите кој имаат спремен велосипед, спремна желба за планинарење да земат учество. Секоја сугестија е добронамерна, и се охрабруваат поединци и организации да се вклучат во организацијата на овој настан.
Сите учесници во настанот(велосипедисти, и планинари) доаѓаат на СОПСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ.

Учесниците кој сакаат да дојдат еден или два дена порано, може да се сместат во планинарскиот дом Папрадиште, во шатори, во приватно сместување во куќи во Папрадиште или во околината (доколку има поголема заинтересираност).
Поради ограничените просторни капацитети, ВЕ МОЛИМЕ контактирајте го организаторот и одговорните лица заради навремено обезбедување на соодветно место(телефони подолу)

ВО САБОТА на 02 јуни во вечерните часови предвидено е целовечерна забава на отворено со DJ Kоста од Метрополис радио. За останатите изведувачи(доколку ги има) дополнително ќе бидете известени.

НОЌЕВАЊЕ во планинарскиот дом Папрадиште е 200 денари, ноќевањето во шатор во дворот на домот е 100 денари (ограничени места за 7 до 9 шатори), ноќевање во шатор на игралиштето во Папрадиште со поглед кон Солунска Глава- БЕСПЛАТНО).
Ноќевање во приватно сместување во куќи во Папрадиште или во околните капацитети е 200-250 денари.

ВАЖНО : За сите учесници во недела после турата, е предвиден бесплатен ручек, додека пијалоците ќе бидат по пристапни планинарски цени. Дополнителни информации и понатамошни детали очекувајте во најскоро време и сите евентуални промени ќе бидат јавно објавени во состав на главниот настан.

ПРИЈАВУВАЊЕ за ноќевање( со шатор, во дом или во приватни куќи) се врши исклучиво телефонски.
ОДГОВОРНИ лица за планинарење:
Игор 075/361-877(после 23 мај), Антонио 078/384-264 и 078 295 644(Марија)
ОДГОВОРНИ за велосипедизам: Трајче Стојевски – Дебар 071/637-616 и 075 757 297 (Емил)
Целокупниот настан го организираме без генерален спонзор(засега) и само со неисцрпната енергија на нашите волонтери, и доброволната помош и ангажман од страна на сите љубителите на природата, планинарењето и велосипедизмот.
ВАЖНО : Сите или дел од активностите предвидени со настанот, може да бидат одложени или откажани поради лоши временски услови или по лична проценка, доколку организаторот процени дека не постојат безбедни услови за нивно реализирање.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија