Светски ден на чистење 2018: Мапирај сега!

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

07:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Мапирај го ѓубрето сега и помогни да биде историја!

На 15 септември 2018 година, милиони волонтери во 150 земји ќе се обединат за да го исчистат светот во еден ден. Овие земји ќе бидат исчистени од расфрлениот отпад како дел од најголемата граѓанска акција во историјата на човештвото.
За да можеме да го исчистиме отпадот, треба да знаеме каде е. Е тука настапувате вие и вашиот телефон!

Преземете ја апликацијата и почнете да мапирате веднаш!
https://www.worldcleanupday.org/map-it/
Побарајте места со расфрлано ѓубре во вашето соседство или во природата околу и обележете ја нивната локација со едноставната апликација за мапирање. Акцијата за мапирање е во тек и трае до средината на месец август.

Покрај помогнувањето да се подготви Светскиот ден на чистење, оваа глобална иницијатива за мапирање отпад ќе помогне да се подигне свеста за огромното загадување од отпадот. Податоците ќе бидат презентирани на Светска платформа за отпад – создавајќи ја најраспространетата база на податоци за погрешното постапување со отпадот во светот: https://opendata.letsdoitworld.org/
Овие вредни податоци ќе ни помогнат како информации во понатамошниот план за чување на местата чисти – насочувајќи поединци, заедници, корпорации и влади да стават крај на широко распространетото загадување од отпадот.

Помогни да се рашири зборот: #GGCleanUp #MaptTheTrash #GlobalTrashMap #WorldCleanUpDay
https://worldcleanupday.org/map-it/

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија