Шарпланинска костенијада 2018

Датум на почеток:

11.11.2018

Време на почеток:

11:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Почитувани,
Ве повикуваме на 8-ма по ред традиционална, меѓународна манифестација

„ШАРПЛАНИНСКА КОСТЕНИЈАДА” САЕМ на костенот, медот, виното,традиционална трпеза, локални производи.
Воспоставување на Еко-Рурал Туристички производи во шарпланинскиот и поврзување со скопскиот регион.
Вмрежување на НВО, Бизнис, Агро секторот и Туристичкиот сектор и ЛС за значајот на заштита на биодиверзитетот и справување со еколошката катастрофа, исчезнување на значајни костенови шуми, преку кампања,застапување за донесување на законски и подзаконски акти со субвенционирани мерки и програми за санирање и обновување.

11 Ноември – Недела во 13часот со активности од утринските часови.
Во с.Беловиште,Вратница, тетовско.

Ве повикуваме да ни бидете партнери, учесници, и гости. Можност за учество со Ваши активности од нашите предложени, но прифаќаме предлози за Ваша промоција на Саемот и активностите.
Посакуваме да поставите сопствен штанд на САЕМОТ и да ги повикате вашите членовина земјоделски, планинарски,туристички, мото и џип друштва, граѓански организации(НВО), туристички капацитети, бизнис сектор,организирана целна група, поединеци,активисти, влубеници на природнот и културното наследством и промоција на сопствените активности и производи, за сите ќе биде обезбедено бесплатен простор, учесниците ќе можат да вршат изложување на сопствени производи и активности.
Ве охрабруваме за испорачување на активности и нивна промоција, со што би допринело за поголема Ваша видливост од фактот што би ги испорачале пред поголема публика.
Со тоа сите ќе направиме заедно сериозна промоција и вмрежување на секторите. Впрочем тоа се заложбите на сите друштва и подржувачи и секако тоа е следење на европските трендови.
Сигурни сме дека заедно можеме да направиме посериозна програма и поголема масовност, со што усогласени би направиле предтходно заедничка агенда на активности и медиумска кампања со учество во ТВ, Радио и пишаните медиуми и поратли, каде вие би биле коорганизатори.

ИНФО,ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ПРЕВОЗ и УЧЕСТВО :
https://goo.gl/RDzbFS или на тел: 078 20 20 10
ОРГАНИЗИРАНИ ТУРИ И АКТИВНОСТИ (кои ќе се одржат во утринските часови)
ПЛАНИНАРЕЊЕ, ВЕЛОСИПЕДСКА И МОТОКРОС ТУРА КАКО И ЏИП-КАНТРИ, РЕКРЕАТИВНИ ПРОШЕТКИ КАКО И ПРОМОЦИЈА НА РУТА-ПАТ ЗА ПРИСТИГНУВАЊЕ НА ПОВЕЌЕТО ЦЕЛНИ ГРУПИ Со која сметаме дека најповеќето ќе дадеме допринос за развој на туризмот и чест на предците, ослободување на Скопје и поставување на планинскиот врв Љуботен во грбот на град Скопје,под слоганот:

➤ ТРАСИРАМЕ ТУРИСТИЧКО ПОВРЗУВАЊЕ ОД СКОПЈЕ ДО ШАРА Преку живописни предели и некогашниот пат на нашите дедовци, како најблиско патно решение од 25km до најблиската туристичка дестинација. Од Скопје до прекрасната и богата Шар Планина, преку мистичното Кучково-Црква св.Ѓорѓи – Девојачки Камен – пат кон Чашка-Радушко езеро- рсторант ”ТРОФТА” (одмор и кафе пауза) посета на локалитетот- кастелот Собри до Долно Орашје, преку с.Нераште, посета на Вратничко езеро(можност за бесплатно спортско рибарење) и Црквата св.Константин и Елена и пристигнување во с.Беловиште.
КООРГАНИЗАТОРИ – туристички асоцијации и агенции,планинарски друштва,земјоделски здруженија,велоспидески, мото крос и џип клубови, групи, компании и поединци, со кои заедно ќе се промовира последната недела пред настанот во утринските програми на ТВ и радио програмите заедно со нивните претставници.
За планинарите поаѓање од Кучково во 06 часот, знаејќи дека е потребно 5часа и 30 мин. велосипедистите можат да тргнат многу покасно, по нивни избор, знаејќи дека е потребно во зависност од нивната кондиција 3 часа. Мотокрос и џип исто така по нивни избор, знаејќи дека им е потребно не повеќе од еден час и 30 мин, само да се помине без посети.

Линкови со двете рути (изразени километри и времeтраeње) :
https://goo.gl/1HcZiA
https://goo.gl/FmwnVr
Организиран превоз од Скопје, Пробиштип, Дојран,Гевгелија, Битола, Гостивар и Маврово,Охрид.
➤ Планинарска тура до: Беловишкиот водопад (Долно Цкало).
⏲ Поаѓање Скопје,Дрводекор,во 06:30. Од Беловиште, во 08:00, во времетраење од еден ипол час во еден правец.
➤ Планинарска тура. Традиционално искачување на Љуботен во чест на ослободување на Скопје, предводен од планинарските здруженија.
⏲ Поаѓање од Скопје во 06:00 пред Дрводекор.
➤ Планинарска тура.Искачување на Љуботен на 10.11.18 поврзување со планинари од КС,АЛ;СР престој во планинарскиот дом “Љуботен” Утредента на 11.11.18 спуштање преку вратничка ливадица на водопад “Горно Цкало” и пристигнување на Саемот во 13. Час.
➤ Туристичка прошетка. Промоција на нова лесна костенова патека – Вратница, езерце Сенокос до Петочко Водиче.Шумско поврзување на бисерните села.
⏲ Поаѓање од Скопје во 08:30 пред Дрводекор.
Од Вратница во 10.час пред Пошта

➤ Туристичка прошетка. Промоција на најблиската тристичка живописна дестинација за Скопје, која полошкиот го спојува со скопскиот регион.Посета на Радушко езеро,најзачуваното утврдување Орашко кале (СОБРИ), манастир Св.Консантин и Елена во Вратница, црквата св.Богородица во Беловиште и манастирот Петачко Водиче.
⏲ Поаѓање од Скопје во 08:30 пред Дрводекор.

Сите учесници на настанот пристигнуваат и завршуваат со активностите во предпладневието, планинарење, велосипедска, мотор и џип тура, рибарење, посета на цркви, манастири во 13:00 часот и отпочнува отварање на Саемот.

ПРОГРАМА:

➤ Свечено отварање-сечење лента од донаторите,претставниците на партнерските здруженија и, пригоден краток говор и заедничка изјава пред гостите и медиумите.
➤ Промоција на учесниците со поставените штандови од претставниците, дегустација на костени и вино засладено со мед како и познатата шарска плескавица збогатена со костенови примеси.
➤ Медиумска промоција на саемските изложувачи и учесниците во активностите, планинарење, велосипедисти, моторџии и џип кантри, Костенопроизводителите-земјоделци, Туристички капацитети
➤Застапување-Лобирање.Презентација на иницијативата на Бела Виста-ИОРРР за заштита на костеновите шуми и костенопроизводителите.
Иницијатива за поврзување на полошкиот регион со скопскиот преку изградба на пат во долина од 30км,најголемиот град би ги остварил своите цели(шарпланинскиот врв Љуботен е во грбот на Град Скопје),а ние сонот на нашите дедовци за најблиското поврзување и зголемен економски развој.
➤ Културно уметничка програма од повеќе културно уметнички друштва, етно изведувачи од земјата и од соседните земји.
➤ Свечено затворање на саемот со доделување на пригодни благодарници на донаторите и учесниците.

Се надеваме на ваше учество и подршка на нашите заложби и застапување,кое може да прерасне во идно партнерство во идно заедничко аплицирање.
Со пријавување на вашето учество и подршка, заеднички ќе ја прецизираме агендата за годинешново одбележување.
На манифестацијата ќе има многу излагачи од регионот и странство со производи, пред се од костенот и традиционалното негово користење, како и скари на кои може да се пробаат специјалитетите, пред се нашиот производ „Шарска плескавица со костен„

Ќе бидат застапени производители на:

➤ Органски мед, пред се од костен.
➤ Традиционална храна
➤ Застапеност на старите занаети како и излагашите со старини, ракотворби и Најмалиот Етно Музеј во Светот.
➤ Саемски штандови од бизнис секторот.
➤ Саемски штандови од НВО секторот.

На саемот ќе може да се дегустираат многу производи изготвени од нашите членови и партнерски организации и учесниците.
И секако ќе може да се купи:

➤ Најубавиот Шарпланински костен.
➤ Органски костенов мед, ливадски итн, како и медни производи, прополис, млеч и др.
➤ Познатиот Тетовски грав, јаболка Тетовка, ореви и ред домашно одгледувани органски производи по саемска цена изложена од самите одгледувачи
➤ Селектиран костенов расад (додека на учесниците ќе им биде поделено со цел за потикнување, обновување на костеновите шуми).

Со тоа ќе заштедите и воедно ќе остварите контакти со производителите од кои ќе можете во иднина да нарачате и секогаш да користите сигурни производи со познато локално потекло. Првиот предуслов, Ваш допринос за спас на агро секторот со брендирање и планско производство и развој на Агро туризам

Срдечни Поздрави

Институт за Одржлив Рурален Регионален Развој
БЕЛА ВИСТА-ИОРРР
Преседател
Сашо Матовски
Тел. за контакт: 078 20 20 10

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија