Програма на среќата со Свами Џотирмаја – Happiness Program

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

17:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Свами Џотирмаја е високоценет меѓународен учител и еден од најголемите мудреци на денешнината кој патува низ целиот свет и споделува знаење и мудрости за животот.

Затоа не пропуштајте ја оваа прилика и придружете ни се на тридневната Програма на среќата со единствениот Свами Џотирмаја од Инидија.

За само три дена, ќе научиме како да ја подигнеме енергијата, ослободувајќи се од насобраниот стрес и напнатост, како да го подобриме фокусот постигнувајќи длабок одмор и смирен ум….. чекорејќи низ животот со насмевка на лицето

На работилницата на Уметност на живеење, ќе добиете знаење за здивот, Pranayama – јогистички техники на дишење, искуство во медитацијата. Составен дел е и сударшан крија®, техника која користи различен ритам на дишење при што сите клетки се прочистуваат и исполнуваат со кислород и енергија, а истовремено се воспоставува рамнотежа во животот и се спознаваме себе си. Практикантите велат дека со редовно вежбање (15-20 минути дневно) ја подобриле физичката и менталната способност како и меѓучовечките односи. Повеќе информации можете да најдете на следната интернет страна: www.artofliving.org/mk-mk.

Термин на одржување:
23 февруари 2018 (петок) 18:00-21:00
24 февруари 2018 (сабота) 10:00-13:00
25 февруари 2018 (недела) 10:00-13:00

Место на одржување на семинарот: ОУ Јохан Хајнрих Песталоци, адреса: ул. „Апостол Гусларот” 3, Скопје

Цената на 3 дневната работиница изнесува 4.500 денари. За оние кои сакаат да го повторат Знаењето, цената на работилницата изнесува 2.100 денари. За уплататите пристигнати до 15 февруари се одобрува 10% намаление на цените. Интересот потврдете го со испраќање на пријава и уплата на сметката на Art Of Living при НЛБ Банка 210072242810160. Заради големината на салата бројот на посетители е ограничен.
За повеќе информации и пријави обратете се на телефоните 070 358 871 и 070 358 455, е-меил [email protected]

Со почит,

Art Of Living

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија