Наслов

Ohrid Outdoor Festival - прво промотивно издание
Локација: 
Охрид
Држава: 
Македонија
Датум: 
Недела, 27 Октомври, 2019 - 09:00

Контакт

Име и презиме: 
АК Патагонија

Алпинистички клуб ПАТАГОНИЈА Охрид и Општина Охрид, Ве покануваат на првото промотивно издание од "Ohrid Outdoor Festival".
Целта на фестивалот е заеднички да се дружиме и да уживаме во убавините на октомвриски Охрид и Галичица.
Учесниците ќе имаат можност да уживаат во прекрасниот амбиент на планината Галичица, возејќи велосипед или искачувајќи го врвот со најубав поглед кон двете езера.
По завршување на турите, за учесници и за сите присутни во Охрид, ќе биде организирана забава крај брегот на езерото на која ќе настапи охридскиот бенд BALTER.

За безбедноста на учесниците за време на турите, ќе се грижат тимови од Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид, а ќе ги водат професионални водичи во планина.

УЧЕСТВОТО Е БЕСПЛАТНО

Сите заинтересирани треба да поседуваат лична опрема за планина, соодветна на временските услови.

Ги молиме сите заинтересирани, да се пријават на patagonia.ohrid@gmail.com
со назнака:
ЗА ВЕЛОСИПЕДСКА ТУРА или
ЗА ПЛАНИНАРСКА ТУРА

За сите учесници на планинарската тура ќе биде обезбеден автобуски превоз до превојот Баба на Галичица.

Се гледаме во Недела!

За овој настан сеуште нема пријавено гости.

Мапа

П В С Ч П С Н
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

На Facebook