Мечуваме за Снежана Караџовска

Датум на почеток:

02.10.2019

Време на почеток:

09:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Почитувани,во недела на 10 Февруари 2019 год ,со почеток во 10 часот,ќе се одржи државно првенство во мечување во младински категории.Ова првенство ќе има хуманитарен карактер, ќе мечуваме за Снежана Караџовска која ги загуби двете нозе во сообраќајна незгода во автобусот со кој патуваше. Потребно е да се изврши операција во Холандија во болницата АОЕФ – Утрехт, да може Снежана повторно да застане на нозе.

За таа цел Мечувалечки клуб „Ескрим” во соработка со Мечувалечка Федерација на Македонија ќе се вклучат во хуманитарна акцијата да собереме доволно средства за Снежана, да може повторно да чекори и да му се радува на животот.

Во салата ќе поставиме кутија за донации, а ние ќе ве почастиме со кафе, чај и колачиња. Младите мечувалци ќе мечуваат за вас наши сограѓани, дојдете да ја почувствувате убавината на овој спорт и бидете хумани и донирајте, сите заедно да и помогнеме на Снежана Караџовска.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија