Кулирај, рециклирај, донирaj: Е-отпад
Датум на почеток:
23.02.2020
Време на почеток:
18:00
Локација:
НАСТАНОТ ЗАВРШИ
else: ?>Време до почеток
Инфо
#Регистрирај се на: goo.gl/TrCxVB, најдоцна до среда, 21.11.18, 12:00ч
#Дата: 19:00ч, 21.11.2018
#Локација: „Кафе и филм Котур”
#Учесници: Настанот е отворен за млади на возраст од 14 – 18 години.
#Капацитет: Бројот на учесници е ограничен и селекцијата се врши според правилото прв дојден прв услужен.
Дали знаете што е е-отпад, како се генерира, кои се најголеми придонесувачи и какви сè последици има на човекот и на животната средина доколку соoдветно не се одложува?
Постојаниот општествен напредок заедно со брзиот технолошки развој придонесува до сè поголемо производство и употреба на електрични и електронски уреди и опрема. Кога овие уреди и опрема ќе станат неупотребливи или нефункционални, тие стануваат електронски отпад.
Е-отпад е значаен проблем како во развиените така и во земјите во развој бидејќи покрај многуте компоненти, содржи опасни супстанци кои се штетни за животната средина и здравјето на луѓето ако не се соодветно третирани или отстранети. Во 2017 година, во светот се направени 47,8 тони на е-отпад, алармантен број кој константно се зголемува!
Од тука произлегуваат неколку прашања: Што би можело ние да направиме за да го спречиме зголемувањето на е-отпадот? Какви тековни иницијативи и мерки постојат за управување со е-отпад? Како да помогнеме во подигнување на свеста за значењето од правилно управување со е-отпадот и кај другите групи на граѓани?
Доколку имаш интерес за темата и сакаш да дадеш придонес во креирање на нови активности и мерки, регистрирај се на goo.gl/TrCxVB, најдоцна до среда, 21.11.18, 12:00ч. Бројот на учесници е ограничен.
Настанот ќе биде интерактивен со неколку забавни елементи, кратка информативна сесија и дружба, a за донесени 3 батерии следува и бесплатно кафе! 🙂
Исто така, на настанот ќе има поставено корпа за рециклирање на ситен електронски отпад па доколку имате таков дома, Ве покануваме да го донесете со вас! Доколку имате габаритен е-отпад може да се запишете на список за рециклирање или донирање на истиот кој ќе биде преземен од страна на тимот на Нула Отпад!
—
Настанот е организиран од Скопје Лаб – Центар за иновации на Град Скопје и Нула Отпад – Друштво за управување со отпад.