Наслов

Камп за одржливост (18-21 октомври, Охрид)
Локација: 
Охрид, Хотел „Далјан"
Држава: 
Македонија
Датум: 
Четврток, 18 Октомври, 2018 - 09:00

Контакт

Име и презиме: 
Eco - Logic

Доколку си средношколец од Скопје, сакаш да научиш за целите за одржлив развој, да работиш на решавање на некој еколошки проблем, и тоа на три дневен камп во Охрид, читај понатаму⤵️

Во организација на Eco - Logic, а поддржано од Град Скопје и фондацијата FES Skopje, од 18 до 21 октомври во Охрид, ќе се одржи "Камп за одржливост" каде ќе се презентираат целите за одржлив развој на Обединетите Нации преку интерактивни методи за учење како разни друштвени игри, работа во групи и останати забавни активности.

Како составен дел од програмата предвидено е работење на разни локални еколошки проблеми и нивно решавање. Ќе работиме на создавање на одржливи училишта, населби и градови, а исто така и на темата правилен раст и развој.
Активностите на кампот ќе бидат реализирани преку разни индивидуални и групни активности, дебати, работилници и игри, а секако ќе има и забавен дел за сите учесници.

Кој може да учествува?👨‍🎓👩‍🎓
Кампот е наменет за ученици од средните училишта во надлежност на Град Скопје, а предност ќе имаат учениците од 2ра и 3та година.

Кога и Каде?📌
18-21 октомври во Охрид (Хотел "Далјан")

Пријавување и селекција?☑️
Секоја заинтересиран потребно е да ја пополни апликацијата и оствари зададената задача на крајот од апликацијата

Избраните учесници на кампот ќе бидат известени најдоцна до 7ми октомври!

Трошоците за учество во кампот се целосно покриени (пат, храна, сместување, материјали).

Важно: Доколку сте малолетен учесник, потребна е согласност од родител или старател.

За овој настан сеуште нема пријавено гости.

Мапа

П В С Ч П С Н
 
 
 
 
 
 
 
5
 
6
 
 
 
 
 
 
12
 
13
 
 
15
 
 
17
 
 
 
 
 
 
 
24
 
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
 
 

На Facebook