Наслов

Каков свет ќе ни оставите? Глобален климатски протест
Локација: 
Влада на Република Македонија
Држава: 
Македонија
Датум: 
Петок, 15 Март, 2019 - 12:00

Контакт

Соочени со целосната инертност и безидејност на нашата влада во однос на загадувањето, многумина од младите размислуваат едноставно да се отселат од оваа земја некаде каде што воздухот не е загаден до степен на канцер и каде што во почвата не циркулира преработениот токсичен отпад од депониите без никаква контрола.
Но тоа не е излез! Во следните децении, нашиот проблем ќе стане проблем насекаде, затоа што незаинтересираноста на оние кои имаат моќ за било што друго освен зголемување на нивната моќ постои насекаде, не само во Македонија.
Насекаде, експлоатацијата на фосилни горива и испуштањето на јаглерод диоксид ја зголемува температурата, што за само неколку децении ќе предизвика колапс на глобалниот екосистем, ако итно не преминеме на обновливи извори на енергија и ако не престанеме со безмилосната сеча на шумските предели.
Токму затоа што нема кај да се бега и затоа што катастрофата мора да се спречи заеднички и истовремено, секој во својата најблиска средина, со овој повик организираме протест пред Владата во Скопје, во кој главниот збор ќе го имаат младите! Во петок на 15-ти март, истовремено со нашите врсници во светот, поврзани преку иницијативата Fridaysforfuture ќе ги напуштиме школските часови за да им порачаме на сите оние локални здруженија, партии, комисии и други бирократи со желба да го седнат газот во фотеља и да лапнат дел од финансискиот колач, дека РАБОТАТ ЗА НАС, децата, на кои светот - или она што ќе остане од него - ни останува.
Затоа бараме ИТНИ и РИГОРОЗНИ мерки, а не плукни-залепи и мачкање очи со кои се удира по џебот на најслабите. Бараме максимални казни за најголемите загадувачи - индустриските олигарси, и затварање на нивните погони ако продолжат со смртоносните активности! Бараме контрола на преработката на отпадот во депониите и негово безбедно складирање, а не заштедување на трошоците за истото со цел поголем профит! Бараме воведување на сеопфатна еколошка транспортна инфраструктура, а не дузина електрични тротинети!
За крај, бараме од нашите родители, роднини, професори, пријатели, да се придружат во нашиот протест и да ги поддржат нашите барања. Поддршка за оваа иницијатива веќе дадоа активистите на Eko-svest, Движење за чист воздух, Eco Guerilla, Чист Охрид, Канцерогено Општество, O2 Иницијатива, Go Green - Биди Зелен, Детска Амбасада Меѓаши и нашите соученици од Средношколски Глас. Ова е наша борба, но не можеме да ја водиме сами! Ваша е одлуката каков свет ќе ни оставите!

#ВоБорба за животната средина, #ВоБорба за иднината!

Во продолжение ви го пренесуваме глобалниот повик на движењето Global Strike for Future (http://globalclimatestrikeforfutur.wesign.it/en) :

----------------------------------------------------------------

We are well on our way to a global warming will be over 3C. Climate science shows even well below 2C will cause massive starvation, drought, fire tornados, floods, wars and death.
All because today's adults don't care about tomorrow. They are stealing our future right in front of our eyes! They destroy the planet by living off it!The adults are not mature enough to tell it how it is, even this they leave to us children!And why should we be studying for a future that soon may be no more, when no one is doing anything to save that future? And what is the point of learning facts when the most important facts clearly means nothing to our society? What use is education when our governments are not listening to the educated? We may be skipping school but we are not failing school, adults are both skipping the planet and failing their future and ours. Today we use 100 million barrels of oil every single day. There are no politics to change that. There are no rules to keep that oil in the ground.

We can't save the world by playing by the rules, so the rules have to be changed so we can live with our only planet!
Greta Thunberg has inspired us, by striking every Friday in front of her Swedish parliament.
On the 17th and 18th of January 2019 alone more than 60 000 students went on strike in Sweden, Germany, Belgium, Switzerland and Italy.
And now on March 15, along with 40 countries on all continents, we will create a Global strike For Future together! To show the Climate Crisis is a Crisis! Join Us!
We are striking to tell our governments to do their homework and give us proof of a safe pathway well below 2C!
Tell your adults to support our strike, tell them they have to come with you, tell them you need them so that you can simply have a chance to survive in the future!
For 40 years, of all political colours, have been failing the war on climate destruction!
Now there is only time to reduce the amount of disaster.

#Fridaysforfuture #ClimateStrike

За овој настан сеуште нема пријавено гости.

Мапа

П В С Ч П С Н
 
 
1
 
2
 
3
 
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
 
 
 
 
14
 
15
 
16
 
 
 
 
20
 
21
 
 
23
 
 
 
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31
 
 
 

На Facebook