Наслов

International Outdoor Festival Demir Kapija 2019
Локација: 
Демир Капија
Држава: 
Македонија
Датум: 
Петок, 17 Мај, 2019 - 13:00

Контакт

Име и презиме: 
Sport Club Klisura

Спортскиот клуб "Клисура" од Демир Капија во соработка со општина Демир Капија гордо ви го најавува шестото продолжение на интернационалниот фестивал за спортови во природа International OUTDOOR festival 2019
Оддржувањето на сите спортско-рекреативни и други активности во склоп на фестивалот ќе се случуваат во прекрасната и раскошна природа на територијата на општина Демир Капија.
Целта на овој голем настан е преку рекреативното спортување во природа и дружење, и ширењето на позитивните вибрации да се постигне зајакнување на вредностите помеѓу младите, толеранција, почит на различности, еколошка свесност, здрав начин на живеење, креативен активизам итн.
По овој повод ги покануваме за соработка и учество сите спортски федерации и клубови на планинари ,велосипедисти, алпинисти, кајакари, параглајдеристи, извидници, спелеолози и сите љубители и почитувачи на природата и доброто незаборавно дружење.

Програма за Outdoor Festival 2019

17.05.2019 Петок
18:00 – 21:00 Пречек и пријавување на учесниците во кампот.
21:00 – 22:00 Технички состанок со учесниците и сместување во кампот (паркот покрај реката)
20:00 – 01:00 Забавна програма и музика во живо во ресторан „Четворка"

18.05.2019 Сабота

07:00 – 17:00 Алпинизам и спортско качување во кањонот на Д. Капија.
07:00 – 09:00 Пречек и пријавување на учесниците во Кампот
09:00 Симболична трка (1,5 км) со старт од кањонот (стариот тунел) до центарот на
Демир Капија
10:00 Официјално отварање на Фестивалот од страна на градоначалникот
10:00 Организирана рекреативна прошетка со старт од кампот до црква св.петка(4часа)
10:00 Организирано "off-road" возење велосипед со старт од центарот на Демир Капија и посета на
винариите "Попова Кула" и кралската винарија "Кралица Марија" и музеј на виното.
12:00 Забавни игри, рекреативна програма за деца во градскиот парк?
13:00-16:00 Кајак на диви води и рафтинг (за сите пријавени учесници на Outdoor Festival 2019 кои ќе сакаат да пробаат со презентација и водство на искусни кајакари од " ККК"Просек МКД"-Демир Капија)
15:00 Рекреативен качувачки
натпревар "Могли" за деца во градскиот парк?
16:30-17:30 Рекреативен "Зумба" час во кампот.
19:00 – 01:00 Забавна програма и музика во живо во градскиот парк.

19.05.2019 Недела

07:00 – 17:00 Рекреативно спортско качување во кањонот на Д. Капија
08:30 Организирана рекреативна планинарска прошетка до Водопадите во Копришница вкупно 7 часа.(организиран превоз со автобус до стартот во с.Дрен)
09:30 Организиран планински велосипедизам (голема Тура со старт од Кампот- Демир Капија).
17:00 Послужување на фестивалско гравче во ресторан "Четворка" и доделување на награди и признанија и затварање на фестивалот.

Сите учесници во сите спортски дисциплини на фестивалот се одговорни за својата здравствена и лична состојба и безбедност како и безбедноста на останатите учесници и потпишуваат изјава – согласност за доброволно учество , за што организаторот во случај на повреди не е одговорен. Учесниците се должни да носат соодветна ОПРЕМА за кампување и за одржување на спортските дисциплини.
Учесниците се должни да ги почитуваат правилата наведени од организаторот и да се грижат за животната средина каде што спортуваат или престојуваат.

Забелешка:Сите оние кои што сакаат да учествуваат на фестивалот со свои спортови или презентации за спортски искуства организаторот ке им обезбеди термин и место.
За време на деновите на одржување на фестивалот ќе биде отворен музејот на виното во Д. Капија со слободен влез.
За време на фестивалот сместувањето е во шатори и е бесплатно.
Специјална промоција за учесниците на фестивалот со попуст од 20 % за ноќевање во винарска визба Попова Кула и 10% попуст за дегустација на вино.

Учеството-котизација за фестивалскиот пакет кој вклучува маичка и рекламен материјал од спонзорите за секој учесник над 16 години изнесува 500.ден.

Учеството –котизацијата фестивалскиот пакет кој вклучува фестивалска маичка и рекламен материјал од спонзорите за секој учесник под 16 години и за извидници изнесува 400 ден.

Програмата е прелиминарна и можни се дополнување и промени од страна на организаторот.
За повеќе информации посетете го линкот:
https://www.facebook.com/events/390632965029178/
Контакт:
За планински велосипедизам
Киро +389 071 310 630
Антонио +389 075 748 460
За планинарење
Тошо Стојанов +389 (0) 77 673 669
Јоцо Палија 070 404 133
За спортско качување и алпинизам
Рики Јока +389 (0) 75 354 061
А.Кленов +389 (0) 70 343 401

Sport Club Klisura from Demir Kapija in cooperation with the Municipality of Demir Kapija proudly announces the sixth continuation of the international outdoor sports festival "International Outdoor Festival 2019".
All recreational sports and other activities within the festival will occur in the beautiful and luxurious nature of the territory of the municipality of Demir Kapija.
The goal of this great event is to promote the values of tolerance, respect for differences, environmental awareness, healthy lifestyles, creative activism, etc. through recreational sports in nature, friendship, and the spread of positive vibrations.
On this occasion, we invite all sports federations, mountaineering clubs, cyclists, mountaineers, kayakers, paragliders, scouts, speleologists, and all lovers and admirers of nature to cooperate and participate.

Program for international OUTDOOR festival 2019

05/17/2019 Friday
18:00 - 21:00 Welcome and registration of the participants in the camp.
21:00 - 22:00 Technical meeting with the participants and accommodation in the camp (the park by the river)
20:00 – 01:00 live music in restoran "Четворка"

05/18/2019 Saturday

07:00 - 17:00 Alpinism and sport climbing in the canyon of D. Kapija.
07:00 - 09:00 Welcoming and registration of the participants in the Camp
09:00 Symbolic run race (1.5 km) starting from the canyon (old tunnel) to the center of Demir Kapija.
10:00 Official opening of the Festival by the mayor.
10:00 Organized recreational walk with start from Demir Kapija to the st.Petka locality.(up to 5 hours)
10:00 Organized off-road cycling starting from the center of Demir Kapija and visiting wineries "Popova Kula" and the royal winery "Queen Maria".
12:00 Entertaining games, a recreational program for children in the city park?
15:00 Recreational climbing competition "Mogly" for children in the city park?
16:30 :17 30 "Zumba" dancing in the camp.
19:00 - 01:00 Entertaining program, and live music in the city park.
05/19/2019 Sunday
07:00 - 17:00 Recreational sport climbing in the canyon of D. Kapija.
08:30 Organized recreational hiking tour starting from the camp in Demir Kapija total time 7 hours.(Bus transport of the participants to the village of Dren).
09:30 Organized mountain biking (big Tour starting from Camp Demir Kapija).
17:00 Serving food (фестивалско Гравче) in restoran "Четворка" and giving recognitions and awards and closing the Festival.

All participants in all sport disciplines of the festival are responsible for their health personal status and safety, as well as the safety of the other participants and all participants sign a statement - compliance for voluntary participation, for which the organizer is not responsible in the case of injuries. The participants are obliged to wear appropriate EQUIPMENT for camping and when participate to the sports disciplines.
Participants are obliged to obey the rules specified by the organizer and to take care of the environment where they do sports or stay.

Note: All those who wish to participate in the festival with their own sports or presentations about sports experiences we will provide them with a time and a place.
During the days of the festival, the wine museum in D.Kapija will be opened with free entrance.
During the festival, the accommodation is free in the camping zone.
Special promotion for the participants of the festival with a discount of 20% for overnight stay in the Popova Kula wine house.

Participation fee for each person above 16 years is 500 denars and include festival shirt and advertising materials from sponsors.

Participation fee for each person under 16 years and scouts is 400 denars and include festival shirt and advertising materials from sponsors.

The program is preliminary and may be supplemented and changed by the organizer.
For more information, visit the link:
https://www.facebook.com/events/390632965029178/
Contact:
For mountain biking - Kiro +389 (0) 71 310 630 Antonio +389 (0) 75 748 460
For hiking - Tosho Stojanov +389 (0) 77 673 669 Joco Palija 070 404 133
For sports climbing and alpine climbing-Riki Joka +389 (0) 75 354 061 Alex Klenov +389 (0) 70 343 401

За овој настан сеуште нема пријавено гости.

Мапа

П В С Ч П С Н
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

На Facebook