Наслов

ETU Triathlon Balkan Championships, Ohrid 2018
Локација: 
Охрид
Држава: 
Македонија
Датум: 
Сабота, 15 Септември, 2018 - 09:00

Контакт

МАКЕДОНСКАТА ТРИАТЛОН ФЕДЕРАЦИЈА
Со задоволство ве кани на ЕТУ Балканското првенство во триатлон, ОХРИД 2018

Македонскиот бисер, кој е природно, светско и културно наследство на УНЕСКО, ќе биде домаќин на ЕТУ Балканското првенство во триатлон во 2018 година.
Спортистите ќе имаат прилика да се натпреваруваат во речиси совршени услови за триатлон трка, како и да уживаат во топлата континентално-медитеранска клима на надморска височина од 695 метри.
Настанот ќе биде организиран од страна на Македонската триатлон федерација и локалниот организатор Спорт за сите од Охрид, преточен во дводневна манифестација која ќе се случува на 15 и 16 септември. Настанот е поддржан од Агенција за млади и спорт, Олимписки комитет на Македонија и општина Охрид, Пелистерка, Алкалоид, Полео спорт, Таг тајминг и хотел Десарет.

Натпреварувачите ќе бидат поделени во категории според нивниот пол и возраст:

Главни трки:
Елит (1998 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
Јуниори (1999-2002): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
Кадети (2003-2005): 375м пливање, 10км велосипед, 2,5км трчање.

Возрасни категории, деца и штафети:
Возрасна категорија 1 (30-39 години ): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
Возрасна категорија 2 (40-49 години): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
Возрасна категорија 3 (50+ години): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање.

Деца 1 (12 години/родени 2006, 11 години/родени 2007, 10 години/родени 2008): 185м пливање, 4км велосипед, 1км трчање;
Деца 2 ( 9 години/родени 2009, 8 години/родени 2010, 7 години/родени 2011 ): 185м пливање, 4км велосипед, 1км трчање.

Мешана штафета // 2 жени + 2 мажи
4 x 185 м пливање, 4км велосипед, 1км трчање.

Повеќе информации околу пријавувањето можете да најдете на нашата веб страна:
http://triathlon.mk/

--------------------------------------------------------------------------------

MACEDONIAN TRIATHLON FEDERATION
would like to welcome you to the ETU Balkan Championships OHRID 2018

Macedonian pearl, as they say a city of Ohrid, which is a Cultural and Natural world heritage sites of UNESCO, is going to be a host city for the ETU Balkan Championships 2018.
All athletes are going to feel warm continental Mediterranean climate on altitude of 695 meters above the sea level, compeat in a almost prefect conditions for Triathlon.

The event is going to be organized by Macedonian Triathlon federation and LOC Association sport for all in two day event 15th and 16th of September, and is covered by the Government Agency of sport and youth, Macedonian Olympic comity and Municipality of Ohrid, Pelisterka, Alkaloid, Polleo Sport, Tag Timing and Hotel Desaret.

This event is going to give great opportunity to all athletes to have a wonderful race and they will be divided in categories accordant their gender and age:

Distances
Categories main races: Swim Bike Run
Elite: 1998 and older 750m 20km 5km
Juniors: 1999-2002 750m 20km 5km
Youth: 2003-2005 375m 10km 2,5km

Distances
Age group athletes: Swim Bike Run
1. 30-39 years 750m 20km 5km
2. 40-49 years 750m 20km 5km
3. 50+ years 750m 20km 5km

Distance
Kids race // Category 1 and 2 Swim Bike Run
1. category 12 years, 11 years, 10 years 185m 4km 1km
2. category 9 years, 8 years, 7 years 185m 4km 1km

Mixed relay race // 2 female + 2 male
Mixed relay team 4 x distance
Swim Bike Run
185m 4km 1km

For any additional info please follow the linк to our website: http://triathlon.mk/

За овој настан сеуште нема пријавено гости.