Да го вратиме езерото Козјак на природата

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

07:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Министерството за животна средина и просторно планирање, здруженијата „Гоу Грин” и „ЦНВП Македонија” во недела на 22 април, по повод одбележувањето на Денот на Планетата Земја, ќе спроведат акција за чистење на езерото Козјак. Ги покануваме сите заинтересирани љубители на чистата животна средина да ни се приклучат во оваа еколошка акција, да поминат еден убав ден во прекрасната природа покрај езерото во исто време давајќи свој придонес кон чистотата и убавината на неговата околина.

Со оглед на специјалниот режим на движење во заштитеното подрачје Јасен превозот ќе биде организиран. Тргнувањето е во 9.30 часот пред МТВ. Ве молиме потврдете го учеството најдоцна до утре (18.04.2018) до 11 часот со цел да обезбедиме соодветна логистика.

За успешно спроведување на Акцијата ќе се формираат два централни пункта на брегот на езерото во с.Здуње и с.Близанско од каде што ќе стартуваат тимовите со чамци и потребна опрема за чистење на Езерото, додека членовите на граѓанските здруженија, граѓаните и посетителите ќе го чистат крајбрежието. За време на акцијата ќе биде обезбедена опрема за собирање на смет, вода и храна за учесниците, а тргнувањето назад е во 15 часот.

Потврдете го учеството на [email protected] или тел. 07129 2005
Временската прогноза ветува уживање!

Напомена на теренот каде што ќе се спроведува акцијата нема тоалети и продавници.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија