Прв семинар за Инстинктивна Самоодбрана во Скопје!

Датум на почеток:

12.03.2016

Време на почеток:

09:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Се чувствувате ли безбедно?

Познавате ли барем еден пријател кој во скоро време бил нападнат или ограбен? И еден е премногу!

Секојдневно слушаме се повеќе приказни за напади врз девојки и млади жени, деца, постари луѓе, се почесто се тие напади „среде бел ден“ или на фреквентна локација. Се почесто слушаме приказни за провалувања и грабежи во станови и куќи, и тоа додека сопствениците се внатре! И секогаш е истото прашање: Како ќе реагираш очи во очи со натрапникот?

Напаѓачот може да биде агресивен, понекогаш е алкохолизиран, користи опијати но може да е најдобриот и најкомуникативниот сосед.

Кој и да е тој, знаете ли да се заштитите? Знаете ли да ги заштитите Вашите најмили? Знаат ли тие да се заштитат од предаторите?

Инсктинтивната самоодбрана не e само уште еден од низата семинари, по кои некој ќе ви вети дека сте професионалец во оваа област на боречките вештини. Напротив, таа е многу повеќе од тоа. Инстинктивната самоодбрана првенствено е начин да се заштитите, потоа начин да се чуствувате безбедно и на крај стил на живеење во оваа денешница.

Инстинктивната самоодбрана е за деловна жена која нема време да учи самоодбрамбени техники и редовно да посетува школи за боречки вештини. Инстинктивната самоодбрана е за модерниот маж кој е помирен со фактот дека новото време на живеење самото по себе носи нови методи но и начини [оружје] со кои напаѓачот може да ве совлада.

Инстиктивната самоодбрана е за децата. Оние кои сега веќе алармантно за жал се секојдневно мета на педофилски напади. Инстиктивната самоодбрана е за млада тинејџерка која нема време за активен живот и продуктивен спортски ангажман бидејќи целиот живот е пред неа.

Инстинктивната самоодбрана е и за баба и дедо. Оние постарите кои се честа мета на ситните криминалци но често е и жртви поради својата немоќ.

Инстинктивната самоодбрана е стара колку и човековото постоење а има безвременски вредности и можности. Тоа е будење на внатрешниот – вроден инстинкт кој човекот го има од своето раѓање. И тоа е нешто што го има секој и секој може да го пронајде во себе. Научете како да ја користите за побезбедно секојдневие.

Дознајте повеќе за:
*инстинктивната самоодбрана
*нејзините принципи 
*што да очекувате на семинарот 
*Клубот За Нед До

Ќе се одржат два посебни семинари со специјално дизајнирана програма и тоа:
Junior Class, 03ти Декември 2016, 10:00h-13:00h програма посебно наменета за деца од 6-14 години, и
Adult Class, 03ти Декември 2016 14:00h-18:00h програма за возрасни, без возрасни ограничувања.

Не го испуштајте попустот за рани пријави и 20% попуст на цената за пријави до 06ти Ноември! Пријавите се одвиваат до 26ти Ноември, или до исполнување на квотата.

Регистрацијата можете да ја направите на линкот подолу или да се пријавите по телефон на 078 445 028.

Пријави се на: http://www.momentum.mk/?page_id=1886

Автор

Toni Ackovski

Скопје

Македонија