Наслов

Женска трка 2015
Локација: 
Школка, Градски Парк, Скопје
Држава: 
Македонија
Датум: 
Недела, 5 Април, 2015 - 12:30

Контакт

Име и презиме: 
Сојуз на Спортови на Скопје

Во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје, како дел од промотивните трки на Виз Ер Скопски маратон 2015, ќе се одржи 3-та женска трка со една единствена цел: Превенцијата од заболувањата започнете ја со вежбање. Трките од овој карактер постојот насекаде во светот со иста цел подигајќи ја свеста на жените дека не е доцна да почнеме со активност.

Пропозиции за Женска трка:

  • Дата на одржување: 5.04.2015 – недела
  • Место: – Градски парк – кај Школка
  • Почеток: 10.30- Аеробик
  • Старт: 11.00 – Трчање на 1.000 метри (1 круг во парк)
  • Пријавување: www.skopskimaraton.com.mk/zenskatrkaprijava
  • Право на учество: Припаднички на женски пол од сите возрасти
  • Рок за пријавување: најдоцна до 2 април

Котизација: 100 ден. Плаќањето ќе се врши преку сметката на Сојуз на спортови на Скопје – 300000003225674 Комерцијална Банка, во цел на дознака напишете го вашето име и презиме. Секоја учесничка ќе добие стартен број, со кој учествува во лотаријата. Трката има ревијален карактер, обезбедените награди ќе се поделат со извлекување на среќни броеви.

Подигање на стартни броеви: на 3 (од 10-18 часот) и 4 (од 10 до 13 часот) април во Сојуз на спортови на Скопје.

Патеката ќе биде означена и обележена со конуси и траки. Долж патеката ќе има поставено волонтери.

Целата активност ќе се одвива во 2 дела:
1. 10.30 – Аеробик вежби за загревање, кои ќе ги водат инструктори – аниматори со искуство во оваа област. Вежбите ќе бидат со низок интензитет, лесни и прилагодливи на сите возрасти. Позитивните стимулации се пресудни за расположението кое ќе ги мотивира жените да продолжат со вежбање преку целата година.
2. 11.00 – Трка на 1.000 метри. По завршувањето со аеробик вежбите, натпреварувачките ќе се повикаат на стартната линија, каде ќе им се објасни патеката. Трката ќе заврши за 10 – 15 минути

По завршување на трката ќе биде организирана лотарија за сите учеснички во трката. Ќе се доделуваат награди од нашите спонзори.

За овој настан сеуште нема пријавено гости.