Женска трка 2014

Датум на почеток:

04.06.2014

Време на почеток:

08:30

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, како дел од промотивните трки на Виз Ер Скопски маратон 2014, ќе се одржи 2-та женска трка со една единствена цел: Превенцијата од заболувањата започнете ја со вежбање. Со оглед на фактот дека жените имаат многу повеќе обврски, а се помалку време за себе, време за вежбање, ризикот за заболувања е се поголем. Овој непобитен факт ние сакаме да го смениме. Почнувајќи сега и тука.
Трките од овој карактер постојот насекаде во светот со иста цел подигајќи ја свеста на жените дека не е доцна да почнеме со активност.

Пропозиции за Женска трка:
Дата на одржување: 6.04.2014 – недела
Место: – Градски парк – кај Школка
Почеток: 10.30- Аеробик
Старт: 11.00 – Трчање на 1.000 метри (1 круг во парк)
Пријавување: кликни тука
Право на учество: Припаднички на женски пол од сите возрасти
Рок за пријавување: најдоцна до 3 април
Котизација: 100 ден. Секоја учесничка ќе добие стартен број. Трката има ревијален карактер, обезбедените награди ќе се поделат со извлекување на среќни броеви.
Подигање на стартни броеви: на 4 (од 10-18 часот) и 5 (од 10 до 13 часот) април во Сојуз на спортови на Скопје.
Патеката ќе биде означена и обележена со конуси и траки. Долж патеката ќе има поставено волонтери.

Целата активност ќе се одвива во 2 дела:
1. 10.30 – Аеробик вежби за загревање, кои ќе ги водат инструктори – аниматори со искуство во оваа област. Вежбите ќе бидат со низок интензитет, лесни и прилагодливи на сите возрасти. Позитивните стимулации се пресудни за расположението кое ќе ги мотивира жените да продолжат со вежбање преку целата година.
2. 11.00 – Трка на 1.000 метри. По завршувањето со аеробик вежбите, натпреварувачките ќе се повикаат на стартната линија, каде ќе им се објасни патеката. Трката ќе заврши за 10 – 15 минути

По завршување на трката ќе биде организирана лотарија за сите учеснички во трката. Ќе се доделуваат награди од нашите спонзори.

Автор

Дејан

Скопје

Македонија