Скопје Трча 10КМ / Skopje Run 10K

Датум на почеток:

10.07.2018

Време на почеток:

07:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

По успешното прво издание на СКОПЈЕ ТРЧА 10КМ во 2017 година, оваа трка прераснува во традиционална тркам, и оваа година ќе се одржи на 7 октомври со почеток во 9.00 часот.
Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје (кој е организатор на Виз Ер Скопски Маратон и Авицена Женска Трка), во соработка со А.К.Работнички и Атлетската федерација на Македонија, и со помош на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.
Генерален покровител на СКОПЈЕ ТРЧА 10КМ е Агенцијата за Млади и спорт, покровител е Град Скопје, а огромна помош имаме и од нашите партнери и спонзори. Оваа трка е влезена во календарот на Атлетската федерација на Македонија (АФМ) и Европската Атлетска Асоцијација (ЕАА).

ПРИЈАВУВАЊЕ – Пријавувањето трае до 30 септември. За повеќе информации на следниов линк http://skopje.run/page5.html

ТРКИ – 10 км и штафетна трка 2 х 5 км (двајца тркачи трчаат по 5 км, ,секој штафетен тим треба да има уникатно име, а тимовите можат да бидат мешани, машки и женски).

ТИМСКИ НАТПРЕВАР – Дали трчате од некоја компанија, или можеби сте поголема група на пријатели? Пријави ја својата екипа за рангирање на екипен пласман на трката на 10км. Повеќе информации на http://skopje.run/page8.html

ПАТЕКА – Стартот на трката ќе биде на булеварот Илинденска, во близина на фонтана Лотус. На истото место ќе биде и целта на трката. Трката е кружна и ќе се трчаат 2 круга од 5км, по должина на булеварот Илинденска.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ – Сите тркачи треба да ја завршат трката за 90 минути, после овој временски период ќе бидат замолени да ја напуштат патеката на трчање.

ПОДИГАЊЕ НА СТАРТНИ ПАКЕТИ – Стартните пакети ќе се подигаат на 5 и 6 октомври на ЕКСПО кое ќе се огранизира во Спортскиот центар “Борис Трајковски”

НАГРАДИ ЗА ТРКАТА НА 10КМ – Во трката на 10 км првите 5 места во машка и женска конкуренција ќе бидат парично наградени. Со дипломи ќе бидат наградени првите 3 места во следниве возрасни категории: од 35 до 44 год, од 45 до 54 год., и 55 + год.

НАГРАДИ ЗА ШТАФЕТНАТА ТРКА 2 Х 5 КМ – Во штафетната трка 2 х 5 км првите 3 места во сите категории (тим од 2 машки, тим од 2 женски, тим од 1 машко и 1 женско) ќе бидат наградени со пехари и дипломи.

КОТИЗАЦИЈА ЗА ТРКАТА НА 10 КМ.:
> до 31 јули 2018 – 400 ден.
> од 1 август до 10 септември 2018 – 450 ден.
> од 11 септември до 30 септември 2018 – 500 ден.

КОТИЗАЦИЈА ЗА ШТАФЕТНА ТРКА 2 х 5 КМ.:
> до 31 јули 2018 – 800 ден.
> од 1 август до 10 септември 2018 – 900 ден.
> од 11 септември до 30 септември 2018 – 1.000 ден.

НАПОМЕНА: Секој учесник ќе може да си купи dry-fit маица со логото на трката. Маицата можете да ја купите како дополнителен продукт (не е задолжителна и не е дел од стартниот пакет) при процесот на регистрацијата на www.smartrace.club. Цената на маицата е 400 ден. и ќе може да се купи до 10 септември, а 100 ден. Од секоја продадена маица 100 ден. ќе се донираат за децата од СОС Детско Село.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија