Шри Чинмој Маратон на Себенадминување 2018

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

07:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Традиционалниот, Јубилеен 20-ти Шри Чинмој Маратон на Себенадминување ќе се одржи на 14-ти Октомври со почеток во:

Маратон 9 часот, и Полумаратон 10:00, во Градскиот Парк во Скопје.

Организатор на настанот е Шри Чинмој Маратон Тим – Скопје.

Трки

·         Маратон – 42.195 м

·         Полумаратон – 21.097 м

Опис на патеката и настанот

Стартот на трката е во Градскиот Парк, во близина на Луна Парк. Патеката е кружна со должина од 1731 метри и се трчаат 12 круга (Полумаратон) и 24 круга (Маратон).

Мерењето на времето е електронски, со чипови. Патеката е сертифицирана. Со тоа се обезбедени условите за официјално признавање на постигнатите резултати.

Ќе се прогласуваат победници во апсолутна категорија, како и во категории по возраст за прво, второ и трето место.
За сите финишери на маратонот и полумаратонот следува медал и диплома, а за победниците за 1во, 2ро и 3то место следуваат пехар, медал и диплома.

Резултатите и фотографии од настанот, ќе бидат објавени веднаш по одржување на Маратонот на Себенадминување на страницата на организаторот, www.maraton.mk

Освежување

За време на трката учесниците добиваат освежување со вода, сокови и овошје, а по завршувањето добиваат ланч пакет.

Стартни пакети

Стартните пакети ќе се подигнуваат во продавницата за спортска опрема Outdoor, лоцирана во центарот на Скопје, на ул. Македонија (кај споменикот на Мајка Тереза), во следните термини:

·         Петок, 12.10.2018, од 09:00 до 20:00 часот

·         Сабота, 13.10.2018, од 10:00 до 17:00 часот

Учесниците кои не се од Скопје, пакетите ќе може да ги подигнат и на денот на трката, пред стартот Недела, 14.10.2018, во близина на стартот, 1 час пред почеток на трките.

Временски лимит

Временски лимит на маратонската трка e 6 часа.

Пријавување и  Котизација

Пријавувањето е преку интернет страницата http://www.smartrace.club/

Првиот бран на пријавување трае од 10.09.2018 (Понеделник) до 27.09,2018 во 23:59 часот. Котизација за двете трки за првиот бран изнесува 450ден.
Во првиот бран може да се купи и dry-fit маичка со лого и мото на трката по цена од 350ден.
Цената на котизацијата во вториот бран на пријавување за двете трки за периодот од 28.09.2018 до 09.10.2018 изнесува 500 денари.
Регистрацијата завршува на 09.10.2018 во 23:59 часот.

Учесниците кои не биле во можност да се пријават онлајн, ќе може да се пријават пред старт на трките најдоцна 1 час пред почеток. Пријави подоцна од ова, нема да се примаат.

Бројот на пријави е ограничен.

Постои само еден сон. Тој секогаш ќе биде совршен во твојот живот,
А тоа е сонот за себе-надминување.

Шри Чинмој

Напомена:

Во рамките на настанот ќе се одржи и Државното првенство на Македонија во Полумаратон, 21км. Учесниците на државното првенство ќе може да се пријават единствено преку Атлетската Федерација на Македонија. Право на учество имаат сениори и сениорки, регистрирани атлетичари во АФМ, родени 1999 и постари, со задолжителен лекарски преглед не постар од 30дена. Котизацијата ја покрива АФМ.

Автор

Toni Ackovski

Скопје

Македонија