ПОДАЈ РАКА 2018 – Хуманитарна трка за лицата со Вилсон vol.4!
Датум на почеток:
23.02.2020
Време на почеток:
09:30
Локација:
НАСТАНОТ ЗАВРШИ
else: ?>Време до почеток
Инфо
Со големо задоволство ве покануваме на четвртата по ред хуманитарна манифестација за поддршка на лицата со Вилсонова болест во Македонија! Целта на оваа акција е да ја подигнеме свеста на јавноста за Вилсоновата болест, да ја поттикнеме социјална вклученост на лицата кои се соочуваат со оваа болест, како и да поттикнеме што повеќе луѓе на рекреација и подобрување на нивната општа психофизичка состојба.
Инспирирани од одличната атмосфера на претходните изданија на ПОДАЈ РАКА, оваа година ве чекаме со уште побогат настан кој го карактеризираат традиционалната штафетна трка и најслатката детска трка, но и добрата забава која ќе ја поддржат наши реномирани музичари, локални уметници кои ќе се претстават на мал базар за рачно изработени производи, како и други изненадувања.
Горди сме што заедно со несебичната помош и подршка на хуманите луѓе и општествено-одговорните компании, кои ги поддржаа претходните изданија на ПОДАЈ РАКА, успеавме во во 2015 да набавиме реагенси за рана детекција и следење на Вилсонова болест, во 2016 да ја организираме првата регионална конференција за поврзување на пациенти и доктори од Македонија, Бугарија, Србија и Австрија, а во 2017 да постигнеме значителни чекори напред во решавање на потребата од законско препознавање и регулирање на ретките болести.
Оваа година, нашата цел е подигнување на стручната свест за Вилсоновата болест, па со ова издание на ПОДАЈ РАКА ќе ги одбележиме 2. Регионална конференција за Вилсон, како и Вилсоновиот карван, што ќе стартува од Скопје и ќе помине низ градовите во Македонија, а ќе има за цел поблиско запознавање на матичните лекари со можните симптоми и начините за рано препознавање на болеста.
Со овој настан сакаме да им дадеме поддршка на сите лица кај кои најчесто како последица на ненавремена детекција, ретките болести оставиле непоправливи последици, како и да им оддадеме почит на оние кои прерано го изгубиле својот живот борејќи се со нив. Лицата со ретки болести имаат право да не бидат невидливи во општеството. ПОДАЈ РАКА!
УЧЕСТВО И ПРАВИЛА
Детска трка за деца до 12 години: бесплатно учество
Штафетна трка 4 х 1000 метри: 150 денари по учесник (пр. за тим од максимум 4 учесници, котизацијата е 600 ден)
Пропозиции:
– Секој тим брои до 4 учесници и може да е мешан – машки и женски
– Секој тим треба да измине 4 должини (кругови) од 1000 метри
– Првиот натпреварувач од тимот на старт добива штафетна палка.
– Со палката треба да измине 1 круг (1000 м.) и да ја предаде на следниот натпреварувач.
– Последниот натпреварувач треба да ја донесе штфетната палка на целта
– За учество во трката нема старосни ограничувања.
– Секој учесник учествува на сопствена одговорност.
Заинтересираните кои не се во можност да трчаат, а сакаат да ја дадат поддшката за ПОДАЈ РАКА 2018, може да го изберат индивидуалниот пакет Маица + Активна поддршка по цена од 150 денари.
Повеќе инфо и пријавување тука: https://www.smartrace.club/