Ноќна Атлетска Трка / Скопје 2018

Датум на почеток:

11.11.2018

Време на почеток:

15:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

По повод празникот „ 13ти Ноември „ , денот на ослободување на Град Скопје, Атлетска федерација на Македонија во соработка со град Скопје и Градоначалникот Петре Шилегов ,ќе организира Атлетска ноќна улична трка во централното градско подрачје на 11 ноември 2018 година со почеток во 16:00 часот.

– датум, време и место на одржување
11.11.2018 година ( недела ), 16:00 часот, Скопје- Плоштад Македонија

– старт – цел
Плоштад Македонија пред фонтана ” Воин на коњ” , Порта Македонија

– патека
кружна 1200м, асфалтирана ( прилог скица ) :

Стартот на трката ќе биде на плоштад Македонија во близина на фонтаната Воин на коњ, се трча во правец на Триумфалната капија, се врти лево и се влегува во подземниот премин на ГТЦ се излегува од Сутеренот на ГТЦ се врти десно на ул Војвода Васил Аџаларски покрај Градската болница се врти десно и се излегува на бул 11 Октомври кон собранието на Р.Македонија во правец на ул Димитрија Чуповски , кај старо Мекдоналдс, пред семафорите се врти десно на ул. Никола Вапцаров во правец на Плоштад Македонија пред фонтаната се завршува кај Плоштад Пела под Триумфалната капија.

– мерење на време
со помош на РФИД чипови „ Tag Timing „

– програма

Недела , 11 Ноември
14:00 – 15:00 Делења на стартни броеви

16:00 – Отварање на настанот

16:10 – Старт – трка за ученици – мажи ( 1200м – еден круг )

16:20 – Старт – трка за ученици – жени ( 1200м – еден круг )

16:30 – Старт главна трка за мажи и жени ( 6000 м – 5 круга )

17:00 – Прогласување

– награди
За главната трка ( 6000 м ) во машка и женска конкуренција :
1. место – 6000 денари / медал
2. место – 5000 денари / медал
3. место – 4000 денари / медал
4. место – 3000 денари
5. место – 2000 денари
6. место – 1000 денари

За Училишната трка ( 1200 м ) во машка и женска конкуренција :
1. место – медал / практична награда
2. место – медал / практична награда
3. место – медал / практична награда
4. место – практична награда
5. место – практична награда

За најмлад и најстар учесник :
– медал

Напомена : Практичните награди ќе се исплаќаат преку трансакциона сметка . Секој освојувач на парична награда ќе треба да испрати до канцеларијата на АФМ копија од трансакциона сметка и лична карта .

– право на учество
За учество во главната трка , секој што ќе се пријави преку веб странта www.smartrace.club , не подоцна од 06.11.2018 г. до 23.59 часот .

Напомена : за Училишната трка , не е потребно пријавување и стартен број .

– лекарски преглед
Сите натпреварувачи се натпреваруваат на сопствена одговорност или одговорност на клубот и Училиштата кои ги пријавуваат .

– стартни броеви :
Стартните броеви ќе се подигаат на денот на трката помеѓу 14:00 и 15:00 часот .

– котизација :
Партиципацијата за учесниците до 06.11.2018 година изнесува 150 денари , по 06.11.2018 година изнесува 300 денари .

Лица за контакт :
Јованче Јанковски , 078 / 360 – 889 , [email protected]

Со почит ,
Канцеларија на АФМ

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија