III Велешки полумаратон 2018
Датум на почеток:
11.04.2018
Време на почеток:
09:00
Локација:
НАСТАНОТ ЗАВРШИ
else: ?>Време до почеток
Инфо
И оваа година по повод 9. Ноември – ослободување на градот Велес, Општина Велес и Советот на Општина Велес во соработка со група граѓани организираат полумаратон во градскиот парк кој ќе се одржи на 04 ноември со почеток во 10 часот.
Програма:
– Полумаратон 21км, старт 10:00 ч.
– Рекреативна трка 5км, старт 12:30 ч.
Стазата е кружна и рамна со должина 1км што значи дека за успешно комплетирање на полумаратонот се трча 21 круг. На патеката ќе има една окрепнителна станица со вода и освежувачки елементи. Медицинска екипа ќе стои на располагање. Секој учесник трча на своја одговорност.
Котизација на полумаратонот изнесува 300 денари по учесник кој ќе добие:
– блуза со лого од трката
– стартен број
– финишер медал
– подароци од спонзор
Котизација на 5км изнесува 100 денари по учесник кој ќе добие:
– стартен број
– финишер медал
Секој финишер на двете трки добива медал за успешно завршена трка, а на победниците во машка и женска категорија ќе им бидат доделени пехари.
Пријавувањето се врши кај Мијалчо Андоновски на е-маил [email protected] или на моб. 070/362-724 најдоцна до 30.10.2018