II Атлетски митинг „11 Октомври“
Датум на почеток:
10.11.2014
Време на почеток:
08:00
Локација:
НАСТАНОТ ЗАВРШИ
else: ?>Време до почеток
Инфо
Програма
- 1. Цицибани програма
- 2. Школска програма за ученици од основните училишта.
- 3. Главна атлетска програма
- 4. Рекреативна програма
- 5. Групен повеќебој ( учество и на рекреативци и атлетичари/ки )
1. Цицибани мешана машко-женска штафета 5х200м.
Учество на 5 деца, од кои 2 или 3 треба да се девојчиња а 2 или 3 машки. Генерација родени 2004 и помлади.
Дозволено учество и на училишта и на клубови !
2. Школска програма има 3 дисциплини:
– 60м, скок во далечина, фрлање ѓуле
Истите дисциплини се и во машка и во женска конкуренција.
Дозволено учество на генерација 2000 год. и помлади.
3. Главна атлетска програма
Мажи : 60м, 600м, 3000м, скок во височина, скок од место, скок во далечина
Жени: 60м, 600м, скок во височина, скок од место, скок во далечина
4. Рекреативна програма
– Трка на 1000м за рекреативци. Заедничка трка за машка и женска конкуренција за рекреативци ( неатлетичари).
– Фамилијарна штафета 3х200м .
Една штафета се состои од 1 родител и 2 деца или 2 родители и едно дете.
5. Групен повеќебој ( учество и на рекреативци и атлетичари/ки ).
Секоја екипа се состои од 4 членови од кои секој настапува во само една дисциплина. Најмалку еден член на екипата треба да е женско. Нема ограничувања за години, членство во клубови и слично.
Дисциплините се:
– 60м, скок од место, фрлање ѓуле ( 7.25 кг за машки и 4 кг за женски) и 800м .
Во секоја дисциплина се добиваат- освојуваат бодови според пласман.
1 место – 1 поен.
2 место – 2 поена
3 место – 3 поени итн. ….. 10 место – 10 поени.
Вкупниот пласман се одредува со собирање на поени од сите 4 завршени дисциплини. Екипа со помалку бодови е подобро рангирана.
( пример 2 први места и 2 втори места , 1+1+2+2= 6 поени )
Во случај на еднаков број на бодови решава подобриот пласман во последната дисциплина – 800м ).
Место: Атлетска патека „ Соколана”