Хуманитарна Трка за Зоран Димов – Велес

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

11:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Драги пријтели, на ден 26.12.2015 година (Сабота) со почеток во 12 часот, во градскиот парк во Велес ќе се одржи трка од хуманитарен карактер за собирање фининсиски средства за нашиот пријател Зоран Димов. Го организираме овој настан за да му испаднеме во пресрет на овој голем човек и спортист кој пред неколку години имаше тешка сообраќајна несреќа при што се здоби со тешки скршеници на двете нозе. Оттогаш тој имаше серија на операции и е во постојан процес на опоравување кои него и неговото семејство го доведуваат во тешка финансиска ситуација.

Настанот ќе биде од отворен тип и на него ќе може да учествува секој кој сака да помогне, без разлика дали ќе истрча 1 или 21км.

Трчањето ќе биде во група која ќе трча во комфорно темпо.
Старт на трката 12:00 Градскиот Парк
Стартнина – 200 денари

Напомена: Пријавувањето и уплатата ќе бидат на лице место, ве молиме да бидете на стартот најдоцна во 11:30 часот.

Се надеваме дека, ние, трчачката заедница ќе настапиме заеднички и дека ќе го покажеме хуманиот аспект на нашиот спорт.
Се гледаме на 26ти 🙂

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија