BEACH RUN 2016

Датум на почеток:

07.03.2016

Време на почеток:

06:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Beach Run е серија на трки која ќе се одржи на 5 локации покрај вода во Македонија (Скопје, Преспа, Дојран, Маврово и Охрид) во текот на јули 2016 година, во вид на летна лига во трчање на 5км.

ДАТУМИ И ЛОКАЦИИ
Недела, 3 јули 2016 Скопје
Недела, 10 јули 2016 Преспа
Недела, 17 јули 2016 Дојран
Недела, 23 јули 2016 Маврово
Недела, 31 јули 2016 Охрид

ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО
Во трките може да учествува секој што сака да се натпреварува во трчање на 5км, на ЕДНА, НЕКОЛКУ или на СИТЕ предвидени трки од серијата.

На секоја од трките ќе бидат наградени најбрзите тројца во машка и женска конкуренција, а сите натпреварувачи кои успешно ја истрчале трката ќе освојат поени според постигнатото место, кои понатаму ќе служат за формирање рејтинг табела и одредување на победникот на серијата. Најдобрите тројца во машка и женска конкуренција во вкупниот пласман на серијата освојуваат награди.

БОДУВАЊЕ
На секоја од петте трки, сите натпреварувачи кои успешно ја завршиле трката освојуваат поени според следново:
1 место 25 поени
2 место 20 поени
3 место 17 поени
4 место 14 поени
5 место 12 поени
6 место 11 поени
7 место 10 поени
8 место 9 поени
9 место 8 поени
10 место 7 поени
11-20 место 5 поени
21-30 место 4 поени
31-40 место 3 поени
41-50 место 2 поени
од 51 до последно место, 1 поен.

Оние кои ќе започнат, но нема да завршат трка, не освојуваат поени.

НАГРАДЕН ФОНД 
За победниците на трките и целата серија е обезбеден паричен награден фонд од 1.000 евра и врвна спортска опрема за трчање. Дополнително, до почетокот на трките организаторот ќе се труди да обезбеди производи и подароци од спонзорите за зголемување на вкупниот фонд награди.

ПРИЈАВУВАЊЕ 
Пријавувањето ќе биде објавено наскоро.

Секој регистриран натпреварувач добива:
– дрес за трчање изработен од dri-fit материјал (100% полиестер)
– стартен број (важи за сите трки од серијата)
– освежување за време на трките

ПРОГРАМА НА НАСТАНИТЕ 
– Регистрација и евиденција на учесниците, најмалку половина час пред трката
– Трка на 5км
– Прогласување победници и забава
– Музичка програма и модератор за целото времетраење на настанот
– Целиот настан трае од 90 до 120 минути
– Последниот настан во Охрид има дополнителна програма за прогласување на победниците на целата серија со забава

ДРУГО 
– Патните трошоци се на товар на учесниците. Доколку постои интерес за заеднички превоз, организаторот ќе обезбеди автобуски превоз од Скопје до локациите во Македонија по најниска можна цена.
– Термините на секоја од трките ќе бидат дополнително одредени во согласност со оддалеченоста на локацијата, а предвид ќе биде земен и возниот ред на јавниот превоз
– Организаторот го задржува правото да изврши измена во локациите на одржување на трките заради новонастанати објективни фактори, а можни заменски локации се Струга, Крушево и Велес

Автор

Дејан

Скопје

Македонија