Авицена Женска Трка
Датум на почеток:
23.02.2020
Време на почеток:
07:30
Локација:
НАСТАНОТ ЗАВРШИ
else: ?>Време до почеток
Инфо
Во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје на 31 март 2019 ќе се одржи 7-та АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА.
Низ изминатите години успеавме бројот на натпреварувачки да го зголемиме и оваа година очекуваме околу 2.000 натпреварувачки да учествуваат во најпозитивната трка во Скопје. Авицена Женската трка е влезена во календарот на Европската Атлетска Асоцијација.
ПРОПОЗИЦИИ ЗА АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА:
Дата на одржување: 31 март 2019 – недела
Место: – Бул. Илинден, Фонтана Лотус
Почеток на настанот: 09.30- Аеробик
Старт на трката: 10.00 – Трчање на 3.000 метри (1 круг на бул. Илинден)
Линк за пријавување: www.smartrace.club (пријавувањето се отвара на 23 јануари 2019 во 09.00 часот)
Право на учество: Припаднички на женскиот пол без возрасно ограничување
Рок за пријавување: најдоцна до 28 март 2019
Награди: Трката има натпреварувачки карактер и трите најдобро пласирани во генерален пласман (според Gun Time) ќе добијат награди, а ќе има награди и за најдобрите три (според Chip Time) по возрасни категории.
По прогласувањето на најдобрите, следува лотарија со извлекување на среќни стартни броеви од сите учеснички. Подароците ќе бидат обезбедени од нашите партнери. Награди ќе се делат по следниве категории:
– до 12 години
– до 14 години
– до 18 години
– до 30 години
– до 40 години
– до 50 години
– 50+ години
Котизација:
– до 15.02.2019 / 150 денари
– до 15.03.2019 / 200 денари
– до 28.03.2019 / 250 денари
Дополнителен продукт:
– dry-fit маица со логото на трката можете да ја купите како дополнителен продукт по цена од 400 денари најдоцна до 28 февруари 2019. 100 денари од секоја продадена маица ќе одат во хуманитарни цели.
За пријави до 14 март, вашето име ќе биде испишано на стартниот број. На денот на трката не е можно пријавување.
Подигнување на стартните броеви ќе биде на 29 и 30 март, а локацијата ќе биде дополнително објавена.
СОДРЖИНА НА СТАРТЕН ПАКЕТ:
– стартен број со чип
– дигитален стартен пакет – eventbaxx
– вода
– учество во лотарија
– подароци од спонзорите
НАСТАНОТ Е ПРЕДВИДЕН ДА СЕ ОДРЖИ ПО СЛЕДНИОТ РЕДОСЛЕД:
09.30 – Аеробик вежби за загревање
10.00 – Старт на трка на 3км
10.40 – Вежби за истегнување и релаксација
10.55 – Прогласување на најдобрите
11.10 – Лотарија
По прогласувањето на најдобрите, следува лотарија со извлекување на среќни стартни броеви од сите учеснички. Подароците ќе бидат обезбедени од нашите партнери.
ПАТЕКА НА ТРКАТА
Стартот и целта ќе бидат на бул.Илинденска пред Фонтана Лотус и ќе се трча еден круг од 3 км на бул. Илинденска.
Патеката ќе биде обезбедена и обележена и ќе има поставено волонтери, а на 1,5 км ќе има и контролна точка за чиповите.